Бурниот живот на „најпластичната жена на светот“ – изгубила милијарди, го гребела сопругот

Џоселин Вилденстин стана позната благодарение на бурниот развод со милијардерот Алек Видленстин во кој доби 2 милијарди долари, но и поради бројните пластични операции кои упорно негира дека ги направила.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-01.jpg

Можеби не ја знаете Џоселин Вилденстин, но сигурно имате налетано на фотографија од неа.

82-годишната богаташка стана позната благодарение на бракот со милијардерот Алек Вилденстин, како и бурниот развод во кој доби 2 милијарди долари.

По разводот, Џоселин почна да привлекува внимание и со бројните пластични операции, за кои упорно негираше дека ги правела, но и со нејзиниот приватен живот исполнет со скандали.

Џоселин е родена во Швајцарија во 1940 година, а уште во тинејџерските години имала врски со моќни луѓе.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-16.jpg

Според некои извори, Џоселин извесен период живеела во Париз, каде што работела како проститутка, но самата нема кажано ништо за овие гласини.

Во 1978 година таа се венча со милијардерот Алек Вилденстин, а почна да го привлекува вниманието на јавноста кога се разведоа во 1999 година.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-06.jpg

Своевремено, нивниот развод беше еден од најскапите во светот бидејќи Џоселин доби дури 2,5 милијарди долари. Истовремено, судот одреди милијардерот да ѝ дава по 100 милиони долари секоја година, во период од 13 години.

Според Џоселин, таа и Алек се разведиле бидејќи го начекала во кревет со тинејџерка од Русија која работела како модел. Кога ги нашла во собата, Алек дури и ѝ се заканувал со пиштол, по што бил уапсен.

Опсесијата на Џоселин со пластичните операции почнала додека била во брак со Алек. Наводно, таа се плашела дека милијардерот ќе ја остави и решила да направи операција, но не му кажала на сопругот.

Џоселин ја признава само оваа пластична операција, а ги негира сите останати.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-05.jpg

По разводот, Џоселин останала со голема сума пари, па станала опседната со пластични операции. Според некои извори, целта на Џоселин била да има очи како на мачка бидејќи била вљубена во овие животни.

Всушност, поради бројните операции, денес Џоселин ја нарекуваат „жена-мачка“.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-07.jpg

По разводот, Џоселин се држела подалеку од јавноста, но трошела многу пари. Несовесното трошење било причина и за неколку тужби.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-12.jpg

Во 2015-та, речиси ја избркале од луксузниот стан во Њујорк, а добила тужба и за долг од кредитна картичка во износ поголем од 70.000 долари.

Џоселин се соочила и со бројни други тужби за неплатена кирија, а во 2018 година прогласи банкрот.

По разделбата со Алек, Џоселин почна врска со модниот дизајнер Лојд Клејн. Тие се заедно веќе 18 години и се верени, но веројатно не планираат брак.

А, нивната врска е дури и побурна од разводот на Џоселин и Алек.

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-04.jpg

Пред околу четири години, тие се расправале, по што Џоселин му направила сериозни гребаници на лицето на Лојд. За да се смират, тој ја побарал за жена со дијамантски прстен. 

negira-deka-pravi-plastichni-operacii-imala-milijardi-i-bankrotirala-burniot-zhivot-na-bogatashkata-dzhoselin-vildenstin-14.jpg

Во друга караница, Џоселин го нападнала Алек со ножици, а нивните соседи многупати пријавувале врева од нивниот стан.

Честопати се вмешувала и полицијата, што значи насилството е норма во нивната врска.

Но, и покрај ова, тие ја убедуваат јавноста дека се лудо вљубени еден во друг.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg