Бурниот живот на „најпластичната жена на светот“ – изгубила милијарди, го гребела сопругот
Во заедничко интервју од 2018 година, Џоселин ја изненади јавноста кога изјави дека немала направено пластични операции. Нејзиниот вереник ја поддржуваше во овие изјави.
Џоселин изјави дека има високи јаболчници бидејќи потекнува од Швајцарија, како и дека постојано ѝ велат дека личи на Брижит Бардо.
Нејзиниот сакан, пак, тврди дека има фотографии кои докажуваат дека лицето на Џоселин не е воопшто променето, но одбива да ги покаже.
„Не ги разбирам медиумите ниту прекарот ’жена-мачка‘. Џоселин отсекогаш изгледала вака. Нема направено ништо за да си го промени лицето. Имам фотографии од неа на 16-годишна возраст и изгледа потполно исто како денес“.
Периодов Џоселин се држи понастрана од јавноста, но неодамна се појави на Модната недела во Њујорк.
Таа сподели неколку фотки со сопругот и Бела Хадид, а најмногу внимание на нив привлекува нејзиното фотошопирано лице.
Според Page Six, таа планира и да сними документарна серија за нејзиниот живот. Се претпоставува дека денес нејзиното богатство изнесува околу 10 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело