Тоше Проески, Александра Шијакоска: Талентирана девојка од Скопје ги црта нашите познати личности и воодушевува

Од Тоше Проески до Калиопи и Стефан Лазаров, девојка од Скопје ги црта нашите славни личности. „Цртањето го гледав како хоби цел живот и го обожавам“, вели Александра Дичоска Кебакоски (30) за CRNOBELO.com.

bravo-osamna-grafit-od-gjorgji-kolozov-vo-kafule-vo-blizina-na-soborna-crkva-01_copy.jpg

Александра Дичоска Кебакоски (30) од Скопје, по професија е преведувач со завршена академија за графички дизајн, а цртањето ѝ е хоби и најголема љубов.

Таа ги црта и македонските познати личности, а досега од нејзините дела позитивно изненадени биле Калиопи, Мартија Станојковиќ, Александра Шијакоска и многу други.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-33.jpgТоше Проески

За љубовта кон цртањето Александра за CRNOBELO.com вели:

„Цртањето го гледав како хоби цел живот, најстарите цртежи што моментално ги чувам се од прво, второ одделение, но се сеќавам уште на цртањето во градинка, што значи си го носам со мене отсекогаш.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-02.jpg

Цртањето и дигитална илустрација започнаа да ми бидат професија во 2014 година, со моите први нарачки за модна илустрација.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-16.jpegКалиопи

На почетокот бев ориентирана само кон таков тип цртежи, ја сакав модата, сакав да се дотерувам, да го нацртам тоа што сакам да го носам и потоа да си го сошијам со помош на мајка ми (има машина за шиење што ја користевме дома).

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-22.jpeg

Првата нарачка ми беше да дизајнирам невестински фустан со тантела и вел, се сеќавам на цртежот и уште го чувам, многу се радував.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-17.jpeg

Го цртав прво со молив на хартија, на тантелата посебно се посветив, го скенирав цртежот и потоа го довршував на компјутер за да можам да го испратам цртежот дигитално. Тогаш работев на графички таблет поврзан на компјутер, на него со раката правев движења, а тоа што го цртав го гледав на екран.

На почеток беше збунувачко, но се навикнав брзо. Овој начин на работа ми одземаше значително повеќе време од сега.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-15.jpegМарта и Стефан Лазарови

Цртањето лица и лицата општо, секогаш ме интересирале, знам да се загледам во некого несвесно и да му ги анализирам цртите на ликот без да ми текне во моментот дека може од страна да изгледа чудно тоа.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-27.jpegАлександра Шијакоска

Мислев дека е интересен склоп модна илустрација со портрет, фигура облечена во комбинација по желба или по мој вкус, со лице изработено според фотографија, па така преминав и на портрети, иако на профилот преовладуваат сега само портретите, ништо друго што подразбира цртање не е исклучено.

kaliopi-aleksandra-shijakoska-talentirana-devojka-od-skopje-gi-crta-nashite-poznati-lichnosti-i-voodushevuva-32.jpgМартија Станојковиќ

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неоч... „Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обич...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...
Успешни Македонци низ светот: Руки Чуки oд Скопје нацрта мурал на трговски центар во Лондон „Како студент на Ликовната академија во Скопје паметам дека 2007-ма беше годинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg