Тоше Проески, Александра Шијакоска: Талентирана девојка од Скопје ги црта нашите познати личности и воодушевува
За изработка на еден основен портрет (до раменици, без позадина) ми требаат околу 4-7 часа, во зависност од светлото, комплексноста, деталите.
Доктор Горан
За изработка најважна ми е фотографијата од лицето која си ја поставувам на страна за да можам да гледам и да прецртам.
Цртам на ipad pro, директно на екран, за разлика од порано.
Ана Стојанова
Си наоѓам често инспирација на Инстаграм, од сите фотографии што се достапни на мрежите лесно се наоѓа нешто добро за изработка.
Од македонски познати лица ги имам нацртано Калиопи, Александра Шијакоска, Анѓела Ѓоргиева, Стефан Лазаров, Лила Филиповска итн.
Александра Шијакоска и сопругот Едмонд
Се радувам што моите илустрации беа на најавна шпица и на сцена во емисијата за мода ’Живот со стил‘, на насловната на магазин ’Убавина и здравје‘, соработки со винарија ’Бовин‘ од кои една и календарот за 2021 год.
На крај на 2019 во Карпош го отворив мојот прв showroom (заедно со татко ми, кој ми е помош и поддршка во сè и останатите мои најблиски) кој ми беше мало креативно катче средено по мој вкус, каде работев и каде беа изложени моите производи.
Имав и продажна веб – страница за која имав многу замисли и идеи кои секако сè уште си чекаат вистинско време за реализација.