Клаудиа Адеми, нутриционист на познатите: „Антониа јадеше 5 пати на ден, а ослабе 30kg за два месеца“

„Нутриционист не е само да правиш мени за исхрана, туку да научиш сè за алергии, булимија, анорексија, дебелина, како да бидеш добар психолог. Курсевите се сега модерни, но траат по 2 месеца и но за тој период не можеш да научиш како да бидеш нутриционист“, вели Македонката Клаудиа Адеми, по чии совети ослабеа многу познати личности.

klaudia-ademi-nutricionist-na-poznatite-antonia-jadeshe-5-pati-na-den-a-oslabe-30kg-za-dva-meseca-01.jpg

Клаудиа Адеми е нутриционист, фитнес тренер и личен советник (или што би рекла таа - јас сум некој што те „малтретира“ 24/7, те зема за рака и ти покажува како треба, те бодри, те учи).

Таа е жена која долги години се грижи за изгледот на многу наши и регионални јавни личности, па со својот план за исхрана и вежби ѝ помогна на Антониа Гиговска за кратко време да намали 30kg, но според нејзините совети ослабеа и Ана Бекута и Ана Николиќ.

Клаудиа е родена во Германија, по татко Албанец од Тетови и мајка Македонка од Скопје.

„Јас веќе 32 живеам на Мајорка во Шпанија. Како мала поминував многу време во Скопје, поточно во Ѓорче 2, но и сега често доаѓам тука“, вели за себе Клаудиа.

klaudia-ademi-nutricionist-na-poznatite-antonia-jadeshe-5-pati-na-den-a-oslabe-30kg-za-dva-meseca-08.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, таа ни откри некои од своите нутриционистички тајни, со кого сè работела низ годините, но и како се грижи самата за своето тело:

Работиш како нутриционист и фитнес тренер... Колку време за занимаваш со нутриционизам? Што те поттикна да почнеш да работиш како нутриционист?

Од 18 години се бавам со фитнес, некако во тоа време и почнав да се хранам здраво.

Потоа, кога се роди ќерка ми, имав доста слободно време и решив да направам нешто за себе.

Па, освен што бев мама, запишав и мастер и го завршив. Сакам да сум продуктивна.

klaudia-ademi-nutricionist-na-poznatite-antonia-jadeshe-5-pati-na-den-a-oslabe-30kg-za-dva-meseca-09.jpg

Дали си самоука или учеше за да бидеш нутриционист?

Има школо за тоа и трае 3-4 години зависи.

Нутриционист не е само да правиш мени за исхрана, тоа се повеќе теми, како што се алергии, гојазност, булимија, анорексија, различни болести, како се чувствува клиентот, да се биде и добар психолог во комуникацијата со луѓето.

Курсевите се сега модерни и траат можеби 2 месеца.

Но, за толку краток период не можеш да научиш како да бидеш нутриционист.

klaudia-ademi-nutricionist-na-poznatite-antonia-jadeshe-5-pati-na-den-a-oslabe-30kg-za-dva-meseca-11.jpg

Според тебе, кои се трите најважни работи што мора да ги знае (или до кои мора да се придржува некој) ако сака да биде здрав или ако сака да ослабне?

Треба да се има физичка активност, да се хранат природно, без суплементи и да се сфати сериозно здравјето - не само кога се слабее или работи со нутриционист, туку засекогаш!

Дали сама ги изработуваш програмите за слабеење на твоите клиенти? Дали се персонализирани или постои начин на исхрана што е соодветен за секој?

Да, јас ги работам лично плановите за исхрана за моите клиенти.

Постои соодветен начин на кој ги правам, а зависи од самиот клиент, неговите желби за тоа колку сака да ослабе, но и она што јас сметам дека ќе биде најдобро за него и ќе даде најдобри резултати.

Од сето ова зависи кој клиент какво мени да добие.

klaudia-ademi-nutricionist-na-poznatite-antonia-jadeshe-5-pati-na-den-a-oslabe-30kg-za-dva-meseca-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg