Клаудиа Адеми, нутриционист на познатите: „Антониа јадеше 5 пати на ден, а ослабе 30kg за два месеца“
Дали работиш со „брзи програми“ - на пример некој е на свадба за 2 недели и сака да ослабе 1-2 кила? Постои ли успешен рецепт за тоа?
Мојата програма е брз и затоа имам таков успех.
На клиентите им треба таа брза промена за да видат дека можат, но само кога знаат точно како треба.
Ништо не е тешко ако ме слушаат.
Постои ли „магична формула“ за брзо слабеење (за притоа да не вратат килограмите)?
Постојат волја и упорност.
А секој кој го има тоа, доаѓа многу брзо до целта со мене и се радуваме заедно на постигнатите резултати.
Често овие моменти знаат да бидат и емотивни, да падне по некоја солза.
Работиш и како фитнес тренер... Според твоето искуство, кој тип на вежби е најсоодветен за луѓето што пробуваат да ослабат - фитнес, кревање тежини, кросфит, јога?
За слабеење се најважни кардио вежбите и тоа - одење.
Со вишок килограми никако не е добро да се трча, скока и слично.
А какви вежби треба да избегнуваат?
Со вишокот килограми не можеме да си играме.
Имаме коски и може брзо да се повредиме, затоа пешачење му е мајката!
Колку пати неделно вежбање е оптимално?
Вежбањето е здраво да се практикува секој ден, стресот се исфрла така, помирни сме и поубаво спиеме навечер.
Затоа мој совет е - не го прескокнувајте тренингот!
Не е тајна дека низ годините работиш и со познати личности... Кој сè ти се обратил за помош? Кој ти е „најдобриот“ резултат, односно, кои личности успеаја да симнат најмногу килограми според твојата програма?
Па, еве, ќе издвојам неколку, меѓу кои и Ана Бекута, Инди, Аница Миленковиќ, Ана Николиќ, Антониа Гиговска, Даниел Николовски, фудбалерите Александар Јовков и Јован Станковиќ.
Имам работени и со девојки од Шпанија кои учествувале на избори за Мис.
Можам да набројувам многу ама сигурно ќе заборавам некого, ги има многу.
Антониа Гиговска неодамна кажа дека за 2 месеца симнала околу 30 килограми... дали е здраво волку драстично слабеење за многу кратко време?
Секако дека е здраво кога килограмите се губат на здрав начин, како што ги изгуби Антониа - без шејкови, без таблети, суплементи.
Таа јадеше по 5 пати на ден, на секои 3 часа.
Во тие оброци имаше сè што ѝ треба, да не може ништо да ѝ се случи.
Битно е дека и јас спијам мирно, затоа што знам дека на моите клиенти не може да им биде нешто, сè што јадат е природно.
Како ја одржуваш ти линијата? Што не јадеш никогаш, а каква храна преферираш? И колку често вежбаш?
Јас сум личност која ужива да се храни здраво и чисто, без масти и шеќери. Никогаш не сум била љубител од такви работи.
Вежбам секој ден и уживам во своето време.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело