Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала афера со оженет маж
- Детали
- вторник, 05 декември 2023
Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено дека кралицата Летиција била во врска со друг маж, но сепак одлучила да се омажи за кралот Фелипе. Овие вести ги откри зетот за сестра на кралицата, кој тврди дека тој и Летиција биле во врска откако таа се омажила за кралот.
Хаиме Дел Бурго (53) е шпански бизнисмен кој живее во Англија, а неодамна даваше изјава за книга посветена на шпанското кралско семејство и рече дека тој и кралицата Летиција биле во врска и по 2004-тата година кога таа се омажи за тогашниот престолонаследник Фелипе.
Како доказ за врската, тој на Твитер објави селфи фотографија на кралицата што наводно таа му ја пратила и на која таа ја носи неговата марама.
До фотографијата, наводно пишувало:
„Љубов. Ја носам твојата марама. Се чувствувам како ти да си до мене. Таа се грижи за мене, ме штити. Ги одбројувам часовите додека повторно да се видиме. Те сакам, твоја сум“.
По големиот број коментари на социјалните мрежи дека овие фотографии не се никаков доказ за неверство, Хаиме го избриша профилот на Твитер и фотографијата беше тргната, но штетата е веќе направена.
Инаку, во книгата насловена „Letizia & I“, Хаиме тврди дека тој бил големата љубов на кралицата, но дека тие двајца станале добри пријатели по бракот со Фелипе.
Хаиме тврди дека тој сакал да ја запроси Летиција, но една вечера таа му соопштила дека почнала да се гледа со некој мистериозен дипломат, по што тој сфатил дека таа е во врска со престолонаследникот Фелипе.
Наводно Хаиме, пред да се ожени за сестрата на Летиција, Телма, дури и платил за фустаните на свадбата на кралицата, затоа што тогашниот крал, во знак на протест кон снаата, не сакал да плати за венчаницата, ниту за облеката на нејзиното семејство.