Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 11-02-2025
QA Engineer 11-02-2025
QA Engineer 11-02-2025
.Net Developer 11-02-2025


Спенџарска и Милена Антовска снимија пародија со колешките: „На новогодишна забава од фирмата во која сите сакаме да си дадеме отказ“

„На новогодишна прослава од фирма во која сите барем по 100 пати сакавме да си дадеме ‘отказ’, ама се држиме цврсто заедно“ - пишуваат водителките на „Здраво Македонијо“ на забавното видео кое има преку 50.000 прегледи за половина час, а е пародија.

spendjarska-i-milena-antovska-snimija-parodija-so-koleshkite-na-novogodishna-zabava-vo-firmata-vo-koja-site-sakame-da-si-dademe-otkaz-01.jpg

Во деновите кога сите телевизии на големо ги снимаат новогодишните емисии, исклучок не е ни Канал 5.

Па, така, денес (16.12) се снимаше празничното издание на емисијата „Здраво Македонијо“, чии водители се дури 6 дами и еден маж - Роберт Јанков.

spendjarska-i-milena-antovska-snimija-parodija-so-koleshkite-na-novogodishna-zabava-vo-firmata-vo-koja-site-sakame-da-si-dademe-otkaz-06.jpg

Јелена Спенџарска, Милена Антовска, Цеце Николова, Вера Мештеровиќ, Александра Пановска Илиевска Панова, и Бисера Ловачева (која најчесто снима на терен), дотерани како за прослава: во светкав фустан, во фустан со шлиц до колк или едноделни црвени панталони, освен што ја снимаа емисијата, истовремено се забавуваа одлично.

Па дел од атмосферата ја споделија и во видео на Инстаграм со порака „Само весело“.

spendjarska-i-milena-antovska-snimija-parodija-so-koleshkite-na-novogodishna-zabava-vo-firmata-vo-koja-site-sakame-da-si-dademe-otkaz-02.jpg

И додека девојките играат, Роберт делува како да му е здодевно, па си пие бело вино.

„На новогодишна прослава од фирма во која сите барем по 100 пати сакавме да си дадеме ‘отказ’. Ама со години се држиме цврсто заедно“ - пишува Спенџарска.

Видеото е вистински хит на Инстаграм и за половина час има преку 50.000 прегледи и над 1.000 лајкови.

spendjarska-i-milena-antovska-snimija-parodija-so-koleshkite-na-novogodishna-zabava-vo-firmata-vo-koja-site-sakame-da-si-dademe-otkaz-03.jpg

Кликнете го видеото и погледнете ја забавната новогодишна атмосфера во Канал 5:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од свадбата на Антониа и Роберт: Влегоа со синот Киан, невестата со 2 венчаници и патики Невестата смени две венчаници и облече патики, првиот танц им беше на една од на...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...
Бока Конга ќе стане татко, го покажа трудничкото стомаче на саканата Маја Со видео од плажа, на кое се гледа неговото мускулесто тело и трудничкото стомач...
Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Горда на родителите - Лина Пејовска (22) му ја пее „Заветна“ на уво на таткo ѝ на семејна прослава Лина со нејзиниот татко Ефто се прегрнува и во еден миг и пеат заедно. Видео со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg