Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм
- Детали
- понеделник, 10 март 2025
На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Крушево.
На Инстагам профилот denesni_reels е објавено видео од Тоше Проески, старо скоро триесетина години.
Во видеото, тој е во тинејџерските години, со мали мустаќи во вид на мов и свири на гитара.
Тоше пее песна посветена на Марија, а стиховите одат вака:
„Марија, о Марија, врати се о најмила,
Марија, о Мариче, не можам душо без тебе
Марија, о Марија, врати се о најмила,
Марија, о Мариче, не можам душо без тебе“.
Снимката е направена во неговото родно Крушево - во еден кадар се гледа дел од градот и хотелот „Монтана“.
Во видеото покрај Тоше се уште двајца мажи, со кои тогаш младиот музичар се смее искрено и од срце.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





