Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“

„2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни помина по болници... Амааа, кога беше најтешко Господ ни го даде најголемиот БЛАГОСЛОВ“, вели Христина Пан за третата бременост и за здравствената битка на една од близначките.

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Христина Младенов, која на Инстаграм е позната како Христина Пан, повеќе од една година, заедно со сопругот Петар, се борат со болеста која ѝ беше дијагностицирана на нивната ќеркичка Тара пред нејзиниот прв роденден - Neuroblastoma Metastaticum.

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-02.jpg

Христина, која е мајка на близначките Хана и Тара, неодамна откри дека чекаат и трета ќерка, па помеѓу големите грижи и стравови низ кои семејството минуваше долго време, конечно имаат повеќе причини за среќа.

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-03.jpg

Сега, семејството направи новогодишна фотосесија и го одбележи крајот на 2024-та со објава на Инстаграм.

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-12.jpg

Христина пишува:

„2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни помина по болници... Амааа, дека те истуркавме и тебе, те истуркавме...

Кога беше најтешко Господ ни го даде најголемиот БЛАГОСЛОВ, нашата трета среќа и знак за ВЕРБА дека сѐ ќе биде добро на крај, МОРА ДА БИДЕ!

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-08.jpg

Така што, еве пред да ти кажеме ЧАО, сепак ФАЛА ТИ, за сите предизвици, искушенија, лекции, што сме сите на број и посилни од кога било.

2025 ајде влези, не се собувај, спремни сме!

И 2025-та, ќе не сакаш ли вака насмеани?“

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-16.jpg

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-15.jpg

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-14.jpg

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-13.jpg

hristina-pan-2024-ne-beshe-lesna-polovina-godina-pak-ni-pomina-po-bolnici-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg