Христина Пан и сопругот очекуваат девојче: „Пред 3 години ни кажаа дека не можеме да имаме деца“
- Детали
- среда, 28 август 2024
„Во нашиот најголем животен хаос, Господ ни го испрати најголемиот благослов“, пишува на емотивната Инстаграм објава на инфлуенсерката Христина Пан.
Македонската инфлуенсерка Христина Младенова, позната и како Христина Пан, откри дека со сопругот очекуваат трето дете – ќеркичка.
Христина ги сподели убавите вести со заедничка Инстаграм објава со сопругот Петар.
На фотките се гледа Христина со двете ќерки, а на една фотографија инфлуенсерката позира и со трудничкото стомаче.
Таа сподели и видео во кое со сопругот и двете ќерки го откриваат полот на детето.
За да го видите видеото, кликнете на стрелките на Инстаграм објавата.
„Во нашиот најголем животен хаос, Господ ни го испрати најголемиот благослов, нашата трета среќа…
Да нè потсети уште еднаш никогаш да не губиме надеж и секогаш да веруваме дека секоја препрека, со љубов и верба се надминува.
Пред три години ни кажаа дека не можеме да имаме деца, а на овој убав ден ви кажуваме дека ја очекуваме нашата трета принцеза“, стои во описот на објавата.
Повеќе фотки во продолжение:
Спирова С. | Црнобело