Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ирина Камилоска блеска покрај семејството: „Лена наполни 40 дена на денот кога започна нашата љубовна приказна“

„22.02.2022 – палиндром, датумот кога започна нашата љубов, а Лена прави 40 дена“ - Со фотки на кои дотерани танцуваат и вљубено се гледаат, откако претходно беа на семеен ручек со двете деца, Ирина и Павле Камилоски го одбележаа големиот ден за нив.

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-001.jpg

Ирина и Павле Камилоски ја добија ќеркичката Лена на 13 јануари 2025, една и пол година по раѓањето на синчето Јосиф.

Планинарката не се откажа од качувањето на Водно до последниот ден во бременоста со Лена, иако беше во 42 недела, а краток период по породувањето, се качи и со ќеркичката во кенгур.

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-2.jpg

Прочитајте и Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две деца, но вреди“

Викендов Ирина и Павле објавија неколку фотографии со кои одбележаа 40 дена на малата Лена, но открија и дека на истиот ден започнала нивната љубовна приказна.

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-05.jpg

На Инстаграм Стори, тие вчера споделија дека заедно со двете деца уживаат на ручек во скопски локал.

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-04.jpg

Подоцна тие објавија неколку заеднички фотографии, на кои се дотерани во црно и танцуваат, додека се гледаат со очи полни љубов, а во објавата пишува:

„22.02.2022 палиндром

Датумот кога започна нашата љубовна приказна…
Истиот ден денес, нашата Лена направи 40 дена а ние сме веќе четиричлено семејство. 

Ти благодарам Господе на сите убавини што ми ги подари овие три години“. 

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-05_1.jpg

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-06.jpg

irina-kamiloska-bleska-pokraj-semejstvoto-nashata-lena-napolni-40-dena-na-denot-koga-zapochna-nashata-ljubovna-prikazna-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот Ирина се породи денес на Државната клиника во Скопје, а ќерката ја роди во 42-та...
Иван Јованов во Банско - заљубен покрај сопругата, насмеан со ќерката Популарниот музичар Иван Јованов и неговата сопруга ја одведоа ќеркичката Ниа на...
Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две де... „Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше...
Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам ... „Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега. Пр...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg