Бока Конга ќе стане татко, го покажа трудничкото стомаче на саканата Маја

Со видео од плажа, на кое се гледа неговото мускулесто тело и трудничкото стомаче на саканата, музичарот Бока Конга откри дека наскоро ќе стане татко.

boka-konga-kje-stane-tatko-go-pokazha-trudnichkoto-stomache-na-sakanata-maja-01_copy.jpg

Кралот на конгите во Македонија, Бојан Стојанов, познат како Бока Конга, наскоро ќе стане татко.

Тој на Инстаграм Стори објави видео на кое го покажа своето мускулесто тело и трудничкото стомаче на неговата девојка Маја, која, се чини, е во поодмината бременост.

boka-konga-kje-stane-tatko-go-pokazha-trudnichkoto-stomache-na-sakanata-maja-05.jpg

Видеото е снимено на плажа, додека парот е на летување.

Бока, кој со години важи за еден од музичарите кои прават најдобри забави кај нас, својот приватен живот го држи подалеку од јавноста и не сака да зборува за своите врски и љубови.

boka-konga-kje-stane-tatko-go-pokazha-trudnichkoto-stomache-na-sakanata-maja-02.jpg

Токму затоа, видеото со бремената девојка за многумина беше изненадување.

Тој неодамна сподели прва заедничка фотка со неа, исто така на Инстаграм Стори.

boka-konga-kje-stane-tatko-go-pokazha-trudnichkoto-stomache-na-sakanata-maja-04.jpg

Претходно, во видео интервју за CRNOBELO.com, на прашањето „Кое е највозбудливото место на кое што имал секс“, Бојан ни одговори:

„Не е до местото, колку што е до партнерот, кој треба да направи да ти биде возбудливо“.

boka-konga-kje-stane-tatko-go-pokazha-trudnichkoto-stomache-na-sakanata-maja-03.jpg

Погледнете го видеото од анкетата ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg