„Ова сум јас пред 3 години со +33kg“ – Антониа Гиговска за периодот пред драстично да ослабе
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Пред 3 години ослабе драстично и за само 2 месеца намали 30 килограми – денес, дури и по породувањето, изгледа подобро од кога било. Антониа е доказ дека се може кога се сака.
Антониа Гиговска на свои 23 години веќе е остварена во улогата на мајка и изгледа подобро од кога било.
Пред 3 години, таа водеше борба со вишокот килограми, а нејзината упорност и стручната помош од нутриционист и фитнес тренер, ѝ помогнаа да ја постигне посакуваната форма.
Во тој период, за само 2 месеца Гиговска ослабе 33kg, како што неодамна кажа таа, а потврди и нејзината нутриционистка Клаудиа Адеми.
Сега, на Инстаграм Стори, Антониа се потсети на таа фаза од животот и сподели постара фотографија, а во описот меѓу другото напиша:
„Ова сум јас пред 3 години +33kg од сега. Поради големата заинтересираност како сум ослабела за само 55 дена, веќе 3 години го добивам истото прашање, ја подготвивме мојата програма за вас. Не се секирајте, каснете уште малку, да пројдат празниците и почнувате“.
Стилот на Антониа драстично еволуираше во овие неколку години, а нејзината фигура сега е целосно извајана, па често сака да носи разголени аутфити.
Дури и по породувањето во јули 2023, пејачката брзо се врати во форма и изгледа подобро од кога било.