Спасен Силјаноски за Андреј: „Му реков брат што бараш на мој настап, ти си урбан, а јас сум фолк тип, а тој дури се фати за микрофонот“
- Детали
- вторник, 18 март 2025
„Ми се јави на телефон Андреј и ми вели: Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе... Јас му одговарам: А бе брат што бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик, а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот“, гласи дел од објавата на фолк пејачот Спасен Силјаноски.
Фолк пејачот Спасен Силјаноски на својот Фејсбук профил сподели една случка со Андреј, која кажува каков голем човек беше тој.
Toj објави и видео на кое Андреј се фатил за микрофон на негов настап, а додека пее, тој заигрува и со Наум Петрески.
Објавата на Спасен гласи:
„Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе...
Јас му одговарам: А бе брат што бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик, а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме...
Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар.
Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе.
Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





