Фризури кои ќе бидат хит во 2025 година – природниот изглед доминира

Долга права коса или ретро боб без со минимално стилизирање – предлог фризури за новата година.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-01.jpg

Природниот изглед станува сè попопуларен, а изгледа дека ова ќе се забележува и кај фризурите.

Што ќе биде хит во новата година?

„Течна“ коса

Попозната како liquid hair, оваа фризура се однесува на долга, права и рамно потстрижена коса.

Предност се дава на здравиот изглед на косата која делува како да е течна.

Ова е одличен избор за оние кои сакаат да ја негуваат косата, но не им се троши многу време во фризури.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-03_2.jpg

Ретро боб

Секоја сезона е популарна некоја варијанта на боб фризурата.

Во 2025-та, најголем хит ќе биде таканаречената ретро боб фризура, инспирирана од Рејчел од „Пријатели“.

Косата треба да се со должина до вратот и малку стилизирана, односно испеглана или фенирана.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-03.jpg

Природна коса

Ова не е една фризура, туку тренд според кој треба гордо да ја носите вашата коса со нејзината природна текстура, без разлика на должината

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-04.jpg

Подолга варијанта на wolf cut

Оваа фризура е хит веќе година-две, но во 2025-та попопуларна ќе биде подолгата верзија која е полесна за стилизирање.

Фризурата им стои добро на сите бидејќи го врамува лицето и има волумен.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-05.jpg

Clavicut

Оваа фризура е одлична за оние кои не можат да се одлучат дали сакаат долга или кратка коса.

Clavicut се однесува на фризура со должина приближно до клучните коски и изгледа добро без разлика дали имате права или виткана коса.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-06.jpg

Шишки

Шишките се хит веќе некое време, а во 2025-та популарни ќе бидат оние како „завеси“ или таканаречените „Биркин“ шишки.

frizuri-koi-kje-bidat-hit-vo-2025-godina-prirodniot-izgled-dominira-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Боб фризура е хит за пролет ‘24: Кои Македонки го следат светскиот тренд? Ако сакате да го смените својот изглед на почетокот на пролетта, почнете од коса...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg