Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала афера со оженет маж
Инаку ова не е првпат Летиција да биде оцрнета во шпанските медиуми. Со оглед на тоа што таа имала еден претходен брак, на многумина не им се допаѓала идејата да се омажи за престолонаследникот, а во медиумите имало голем број пишувања за нејзините наводни афери.
За Летиција пред да го запознае кралот се пишувало дека е мошне амбициозна и пресметана жена која имала абортус и повеќе афери.
Таа била во брак со нејзината средношколска љубов Алонсо Гереро Перез, кого го запознала кога имала само 17 години, а тој - 27. По 10 години врска, тие двајца стапиле во брак, но по 18 месеци се развеле.
Според дел од шпанските таблоиди, Летиција не му била верна ниту на првиот сопруг. По завршувањето на факултетот, таа била 6 месеци на пракса во Мексико, каде имала врска со оженет маж.
Таа била во врска со нејзиниот шеф Луис Мигуел Гонзалез, а наводно неговата сопруга побарала развод кога дознала за аферата.
По ова, Летиција се вратила во Шпанија, а Луис Мигуел бил скршен од болка.
Но, кога дознал дека неговата поранешна љубовница ќе стане кралица, испратил мејл до сите пријатели и ги замолил да не зборуваат ништо за аферата.
Иако шпанските медиуми се преплавени со натписи за наводните афери и скандали на кралицата, таа и Фелипе заедно се појавуваат на настани и покажуваат дека не им е грижа за пишувањата и наводните тврдења, а портпаролите на кралското семејство одбиваат да коментираат на оваа тема.
Прочитајте и Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија
Б. С. Б. | Црнобело