Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“
- Детали
- петок, 01 март 2024
„За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премногу стар и чуден“ – вели Плејбој моделот Хиеке Конингс, која имала можност една вечер да се забавува со холивудскиот актер.
Плејбој моделот Хиеке Конингс (22) тврди дека имала можност да се забавува една вечер со Леонардо ди Каприо (49) во ексклузивен клуб во Лос Анџелес. Но, таа немаше пофални зборови за актерот кој важи за голем заводник.
Таа се појави на насловната страница на холандското издание на „Плејбој“, а во рамки на интервјуто раскажа како имала можност на една вечер да се дружи со оскаровецот.
„Тоа беше во таен клуб во Лос Анџелес, каде што можете да влезете само со покана.
Го видов како седи со црн дуксер и со црна капа и веднаш се погледнавме“ – раскажува таа.
Хиеке вели дека по ова дошол менаџерот на Лео и ѝ рекол дека актерот сака да разговара со неа, а таа веднаш кога седнала до него, па почнала да се шегува со актерот за тоа дека тој се гледа само со модели што се помлади од 25 години и, наводно, актерот ѝ рекол дека тоа е факт.
Плејбој моделот тврди дека немала секс со него, затоа што сметала дека е премногу рано, но размениле еден бакнеж.
„Бакнежот беше добар, но сигурно не беше најдобар во мојот живот“ – вели таа и додава дека Лео бил збунет кога таа го одбила за секс.
„Тој реагираше шокирано. Секако дека не е навикнат на такво нешто.
Кога му реков дека не го познавам доволно добро, само ми одговори дека го почитува мојот став, а потоа се сврте кон друга девојка и ја однесе дома“ – раскажува моделот.
Иако таа немала секс со него, Хиеке се повика на искуството што некои нејзини блиски пријателки го имале за време на сексот со Лео, па вели дека актерот имал некои чудни навики за време на интимниот чин.
„Една пријателка ми рече дека тој си ставил слушалки во ушите за време на сексот затоа што не сакал да ја слуша, а друга ми кажа дека ѝ ставил перница врз главата. Лео е премногу стар и чуден“ – заврши Плејбој моделот.
Инаку, ова не е првпат во таблоидите да се појават приказни за чудните потреби на Леонардо ди Каприо во спалната соба. Актерката Магдалена Генеа во 2011-та година беше во врска со актерот, па раскажа каков бил сексот со него:
„За време на сексот Лео легна на грб, ја зеде електронската цигара и си стави тампони за уши, ги затвори очите и само ми кажа да продолжам“.
Прочитајте и Го нарече Ди Каприо лош љубовник – Која е девојката што ги привлече сите погледи со мокриот, провиден фустан?
Б. С. Б. | Црнобело