Сандра Кирков за пневмонијата: „Доктор ми го виде рендгенот и врескаше ‘Ти ќе умреш ако не лежиш во болница’“
- Детали
- четврток, 13 февруари 2025
„Денес, после 11 дена откако излегов од болница, конечно се чувствувам доволно добро за да ви кажам што се случи. Како почна сè? Јас симптоми, освен температура немав. Температурата не ми се спушташе со денови и завршив цел месец во болница“, ја започнува својата приказна Сандра Кирков од Скопје.
Инфлуенсерката Сандра Кирков по повеќе од еден месец борба со пневмонијата, како и престој на Инфективната клиника, па на Пулмологија, на почетокот од февруари објави дека конечно е здрава и дома.
Сега, откако малку се стабилизирала, иако закрепнувањето трае уште, таа на Инстаграм Стори ја сподели својата приказна со следбениците.
Вели дека со своето искуство сака да им помогне на другите за навреме да се испитаат доколку се соочуваат со некоја ваква ситуација.
Обраќањето на Сандра Кирков:
„Денес, после 11 дена откако излегов од болница, конечно се чувствувам доволно добро за да ви кажам што се случи.
Како почна сè?
Јас симптоми, освен температура немав. На 28-ми декември првпат качив 37.5.
И така сè до 31-ви декември, кога одлучив дека морам да одам на контрола, бидејќи парацетамол не ми помагаше и ништо не ја спушташе температурата.
И додека сите се спремаа за дочек на Нова година, јас отидов на ургентно во една приватна клиника.
Таму веднаш ми направија преглед, рендген, ми дадоа терапија и јас од старт знаев дека се работи за пневмонија.
Само не знаев за колку тешка пневмонија се работи, односно докторот не ми нагласи дека станува збор за тешка пневмонија и дека треба да бидам хоспитализирана.