Инфлуенсерката Сандра Кирков повеќе од еден месец лежеше на Клиника поради пневмонија: „Докторите и сестрите се златни“
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
„За жал, лежам на клиника со тешка пневмонија. Со денови не можам глава да кренам и си викам од утре ќе биде полесно, но не е...“, гласеше една од искрените објави на Сандра Кирков, која повеќе од еден месец лежеше на клиника, но сега конечно е здрава и дома и вели дека имаме медицински лица со срце планина.
Инфлуенсерката Сандра Кирков по повеќе од еден месец борба со пневмонијата, како и престој на Инфективната клиника, па на Пулмологија, конечно е здрава и дома.
Таа искрено споделуваше детали од овој процес на Инстаграм, а упати и грст комплименти на сметка на вработените во нашите болници.
Нејзината прва објава за овој немил настан гласеше:
„2024 заврши лошо, а новава 2025-та почна катастрофално.
Празници не славев, не сум на планина, ни море, ниту одмарам дома. За жал, лежам на клиника со тешка пневмонија.
20 дена не можам глава да кренам и си викам од утре ќе биде полесно, но не е. Плус, температурата си го прави своето, таман мислиш подобро ти е, таа повторно доаѓа да ти го „исцица“ мозокот и да ти ја земе снагата.
Во моментов не можам ништо повеќе да кажам, ниту сакам да се сеќавам на некои црни и критични моменти, имам среќа што тука на Инфективна клиника работат најпрекрасните доктори и сестри и јас сум просто запрепастена од нивната посветеност кон пациентите.
Вакви луѓе ретко се наоѓаат и фала им за секоја минута внимание – златни се“.
Но, Сандра сега конечно се чувствува одлично и од викендов е дома.
Таа на Инстаграм, со фотографии со букет од излегувањето од болница, во петокот (31.01) напиша:
„И дојде денот Сандра : Пневмонија = 1 : 0
Можеби беше долга и мачна борба, но фала му на Бога готово е, заврши и ова заедно со историскиов месец.
Имам многу што да кажам на темава, но денес сум толку возбудена што просто не можам и не сакам да бидам цел ден на телефон. Да се стабилизирам и деновиве ќе одговорам на сите прашања.
Само едно сакам да кажам, да не беше тимот на Инфективната клиника, а подоцна и тој на Пулмологија најискрено не знам што ќе беше со мене.
Не знаете низ какви моменти поминавме сите заедно... После толку денови со нив ептен си ги засакав како фамилија и должна и благодарна ќе им бидам цел живот.