Некогашната пејачка Мартина, 7 години по смртта на сопругот: „Помина време ама мене ме боли душата како вчера да беше“
- Детали
- среда, 26 март 2025
Мартина (Димовска) Парапулова во 2015 година стапи со 20 години постариот Антонио, и покрај противењето на нејзиното семејство. Парот доби ќеркичка, но, Антонио почина во 2018 година. „Едниот ангел ми е на небото, другиот покрај мене...“, ja започнува Мартина својата емoтивна исповед за саканиот Тозо.
фото: Фејсбук
Некогашната македонска поп пејачка Мартина (Димовска) Парапулова во 2015 година стапи во брак со Антонио Парапулов - Тозо, кој беше повозрасен од неа, но со него пронајде вистинска љубов.
Мартина во интервју за Бекстејџ во една пригода откри дека Тозо бил 20 години постар од неа, нејзиното семејство се противело, па таа се омажила тајнo за него.
Но, потоа тие го прифатиле нејзиниот избор затоа што виделе дека е среќна со него.
Парот ја доби и ќеркичката Антонија.
Но, за жал, Антонио почина во 2018 година во инцидент со смртни последици.
Сега, седум години по смртта, Мартина му посвети емотивна објава на нејзиниот Фејсбук профил.
Нејзината објава за саканиот гласи:
„Моите вечни љубови. Едниот ангел ми е на небото, другиот покрај мене...
Помина време ама мене ме боли душата како вчера да беше.
Патев и јавно и тајно и секако!
Лошо е кога се поздравуваш со љубовта за последен пат, а не ни претпоставуваш дека е ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ.
Сите ти изразуваат сочувство, ама целиот товар е на твој грб, лошо... Остануваш сам, сè е хорор, улици, песни, моменти, мириси...
Целиот простор е исполнет со болка што не се опишува со зборови.
Лажни луѓе те тешат демек многу ми е жал... Тука се за тебе – како да не! Секое чудо за три дена.
Нема одговор од никој – зошто? После стануваш мета на осуда, мета на хиени гладни за туѓата несреќа. Ах, животе идиоте...“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





