Д-р Ива Малахова Ѓореска, гинеколог акушер: „Тренд меѓу младите мајки е породување со царски рез, а природното е подобро“

„На ЈЗУ УГАК ни дојде избезумен сопруг, кој се држеше за глава, велејќи дека неговата сопруга се пораѓа во нивниот автомобил. Јас и сестрата од амбулантата за итни случаи, ставивме ракавици, замоливме за простор и само што влеговме во амбулантата веднаш започна да излегува главата на бебето“, вели вели Д-р Ива Малахова Ѓореска за CRNOBELO.com.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-01.jpg

Доц. Д-р Ива Малахова Ѓореска (39) од Скопје е специјалист гинеколог акушер при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Доцент е на катедрата по гинекологија и акушерство на Медицински факултет, при УКИМ.

Вработена е на ЈЗУ УГАК 15 години, а веќе 9 години како специјалист. Во моментов е на одделението за урогинекологија на УГАК, а во тек е и на субспецијализација по урогинекологија.

Д-р Ива Малахова Ѓореска споделува детали од својата професија во интервју за CRNOBELO.com:

Природно породување или царски рез? Во некои земји, од типот на Норвешка, царскиот рез се применува само во случај на крајна нужда – Зошто кај нас се применува толку често?

Секако природно породување! Но, само доколку е безбедно за мајката и плодот и доколку нема контраиндикации од мајчини или фетални причини за истото.

Бројот на породувања со царски рез расте на глобално ниво, но и кај нас.

Во денешно време на толку голема достапност на социјалните мрежи и разменување на искуства помеѓу родилките, е навистина умешност спонтано, односно природно да се породи пациентка.

Пациентките мора да сфатат дека се работи за природен процес, кој е различен кај сите пациентки, па дури и кај една иста пациентка со различна бременост.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-09.jpeg

Сте имале ли некоја специфична компликација за време на породување и како сте се справиле со истата?

Секој акушер кој работел во родилна сала или пак дежура во терциерна здравствена установа како УГАК, која е крајна дестинација на сите останати породилишта ширум нашата земја се соочува со комплицирани, тешки или невообичаени породувања.

Конкретно јас сум се соочила со ситуација каде сме имале родилка, второротка, донесена од дома со избезумен сопруг, кој се држеше глава велејќи дека неговата сопруга се пораѓа во нивниот автомобил.

Нашата екипа веднаш на носила ја донесе пациентката во холот на нашата клиника, исполнет со огромен број пациентки кои беа во чекалната.

Јас и сестрата од амбулантата за итни случаи, ставивме ракавици, замоливме за простор и само што влеговме во амбулантата веднаш започна да сe породува и да излегува главата на бебето.

За неколку секунди се роди Мила. Целиот ходник со пациенти беше во исчекување и бодрење на храбриот татко.

Излеговме да ја соопштиме убавата вест и бевме почестени со огромен аплауз од пациентите и персоналот!

Тоа се итните убави моменти, има и не толку убави, но, за среќа, не се толку чести.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-03.jpeg

Како изгледа породување со вакуум? Дали навистина може да влијае на обликот на главчето на бебето?

Породувањето со вакуум екстрактор е всушност оперативно завршување на породувањето по вагинален пат.

Тоа значи дека во услови кога спонтаното породување одело сосема уредно до самиот крај, кога веќе главчето на плодот е на излезот, но поради некоја причина истото мора да се забрза или потпомогне се употребува овој начин на породување.

Најчесто тоа е несоработка на мајката, прекин на маткините контракции поради т.н. инерција или пак состојба на страдање на плодот, која сме ја утврдиле на ЦТГ записот.

Вакуумот го става акушер, обучен и искусен, секогаш во присуство на педијатар, неонатолог.

Главчето на бебето е меко, може да има различна форма пред сè од минувањето низ родилниот канал, или пак подолготрајно задржување во вагината, па така и самиот вакуум може да предизвика промена која е секако реверзибилна и најчесто без никакви последици.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-10.jpeg

До кога ги чекате трудниците пред да почнете со провокации со породување?

Бременоста трае 40 гестациски недели. Најчесто прворотките го достигнуваат терминот на породување.

Некогаш постои дилема околу терминот за породување, бидејќи истиот се пресметува според дата на последна менструација, но некои пациентки имаат подолг или пократок менструален циклус.

Во тој случај треба гестациската старост на плодот да се пресметува според ултразвучните мерки на плодот во првиот триместар, односно до 12 г.н. Помеѓу 41-42 г.н.,контролите на ЦТГ и ултразвук, како и вагинален преглед, се секој ден или пак преку еден ден, и во зависност од процената на лекарот се прави хоспитализација и индукција на породувањето, со претходно потпишана информирана согласност од пациентката.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg