Д-р Ива Малахова Ѓореска, гинеколог акушер: „Тренд меѓу младите мајки е породување со царски рез, а природното е подобро“

Кога се случува кај жените да дојде до „распукување“? Правите ли често превентивно епизиотомија?

Епизиотомија правиме најчесто кај прворотки, а кај повеќеротки во комбинација со искусна акушерка, како и соработка со мајката може и да нема потреба да се направи.

Распукување знае да се случи кај покрупен плод или кај породување кое брзо настанува и нема време да се направи епизиотомија. Тоа се средува на ист начин, како и самата епизиотомија.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-12.jpg

Колку време треба да помине помеѓу две породувања со царски рез? Што ќе се случи ако не се чека доволно?

Препораката за втора бременост после царски рез е 2 години.

Не секогаш пациентките го почитуваат тоа правило или пак едноставно тоа се случува.

Доколку се случи пред 2 години да треба да дојде до породување, тогаш истото мора да е повторно со царски рез.

Некогаш при појава на контракции кај пациентките по претходен царски рез по помалку од две години, може да се појави и болка во пределот на лузната. Тоа треба акушерот да го има предвид и веднаш да се направи процена за завршување на бременоста.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-04.jpeg

Имаат ли влијание урмите и чајот од малина навистина или станува збор за мит?

Во Афричките земји урмата била позната по тоа дека влијае на почетокот, го олеснува текот на породувањето, го потпомага одлепувањето на плацентата, како и прави контрола на крвавењето.

Меѓу пациентките кружи таа тематика и некои од моите колеги ја препорачуваат.

Јас лично немам искуство, но со оглед на тоа дека урмата е многу хранлива, богата со витамини, минерали и влакна, секако би била корисна за трудниците, но во умерена количина (до 6 на ден), особено кај мајките со гестациски или друг вид на дијабетес.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-05.jpg

Топ 3 совети за трудниците за време на породувањето…

Бидете храбри, свесни и учествувајте во породувањето на вашето бебе, болката се заборава, но моментот никогаш.

Следете го советот за начинот на дишење и туркање на нашите прекрасни и спремни акушерки.

Побарајте анестезија или аналгезија, доколку сметате дека ви е потребна.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg