Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот' на устата“

„Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и некои мислат дека вистински имат толку многу ботокс, па пишуваат погрдни коментари и пораки. Не се лутам, сфаќам дека не разбираат зафрканција“, вели Маја од Прилеп за CRNOBELO.com, која по професија е тату артист.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-01.jpg

Маја Џордано (35) веќе 16 години работи како тату артист. Но, последниве неколку месеци, таа го привлекува вниманието со своите забавни видеа на Инстаграм, каде што ја „глуми“ Светле - „нервозна жена со изботоксирана уста и силна сенка на очите“. 

Во видеата, Маја, преку Светле, на комичен начин опишува моменти од нашето секојдневие поврзано со автошколите, заводот на вработување и пензискиот фонд, што се случува на шалерите или како изгледа типична посета на фризер.

Оваа прилепчанка својата видео приказна ја стартувала пред 15-тина години, кога почнала да снима пародии на песни и скечови за Јутјуб.

Денес тие видеа не постојат, а Маја својата креативност и хумор ги прикажува преку Инстаграм.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-08_copy.jpg

За видеата што ги снима, но и за професијата тату артист, таа ни раскажа во интервјуто:

Веќе неколку месеци ги засмејуваш следбениците на Инстаграм со твоите видеа... Како тргна приказната и дали очекуваше дека ќе имаш толку позитивни реакции?

Приказната оди вака: многу одамна почнав да се снимам, кога имав 19-20 години.

Купив професионална камера и снимав за на Јутјуб некои пародии на песни, плус снимав и скечови.

Тие што ме познаваат одамна знаат за што станува збор иако видеата ми се тргнати од Јутјуб.

Но, ова го кажувам за да откријам одека отсекогаш имав желба за снимање, монтирање, глумење.

Сето тоа ме исполнуваше и ме исполнува до ден денес. Снимањето интересни и смешни видеа ми е хоби.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-07.jpg

И природно сум таква личност сакам да ги насмеам сите.

Секогаш сум успевала во тоа да ги раположам луѓето.

Ме исполнува премногу во душата кога гледам дека некого сум го насмеала од срце.

Секогаш имам позитивни коментари и пораки  и премило ми е кога ќе ми каже некој дека сум му го направила денот подобар.

Инаку, видеата што ги објавувам сега, почнав да ги снимам случајно.

Претходно секогаш се снимав за на Стори, објавував нешто смешно и тоа ги расположуваше тие што ме следат.

Првото видео што го снимив е „Понеделник”.

Ми беше објавено на Стори, така рендом и имав премногу споделувања на истото, па го ставив на reels на Инстаграм, Фејсбук и ТикТок и така „тргна возот“.

Искрено, имав и хејт коментари за првото видео заради филтерот, затоа што многу луѓе не знаат дека е филтер од Инстаграм, ботокс или филер, и не знаат дека е зафрканција.

Од каде црпиш идеја за самите видеа? Дали се тоа хипотетички ситуации и муабети, или барем дел од нив си ги поминала самата, па сега ги раскажуваш на хумористичен начин?

Идејата ми доаѓа моментално. Се будам од спиење и ја имам во главата.

Речиси 24/7 се случува тоа, не поминува ден без да кажам некој „бисер“ и да се изнасмееме сите.

Плус, добивам идеи од сè околу мене што забележувам и сето тоа си го толкувам на хумористичен начин.

Хуморот е дарба од Господ - или го имаш или го немаш.

Пишуваш сценарија (или барем сиже) за тоа што сакаш да го кажеш или станува збор за моментална инспирација?

Моментална инспирација е, а кога нешто ми текнува, си го запишувам. 

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-10.jpg

Има ли видео што си го погодила од прва, но и видео што го снимаше 100 пати за да ти излезе по мерак?

Да, има видео што излезе од прва, а тоа е „Нервозна продавачка“.

Снимено е онака, спонтано, без припрема и без желба за снимање тој ден.

Многу лесно ги снимам видеата, од прва, а само некогаш нешто минимално преснимувам, ако ме фаќа смеа на пример.

Уживам да ги монтирам, тоа ми е омилениот дел.

Дали е лесно да задржиш сериозна, лута или намрштена фаца кога ќе се претвориш во твојот лик Светле? Или сè те тера на смеење?

Се смеам и јас, а се смеат и сите гласови во позадина што ми помагаат во снимањето т.е моите другар(к)и Сузе, Жане, Драган...

Лесно ми е да задржам сериозна и лута фаца, се внесувам скроз како навистина да ме налутиле.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-04.jpg

Има ли негативни коментари? Ако има, дали те допираат и дали им одговараш? А има ли луѓе што се „препознаваат“ па ти се лутат?

Има да, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и некои мислат дека е вистински па пишуваат погрдни коментари и пораки.

Не им се лутам и не ме допира, оти ги разбирам дека не разбираат зафрканција, а има такви.

Никој до сега не се налутил сериозно.

Сите што се препознаваат им е смешно и каде и да појдам, со кој да се сретнам, познати или непознати, добивам позитивни коментари.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-09.jpg

Од друга страна, ти си тату артист... Како ги поврзуваш овие две работи? Има ли луѓе што коментираат дека едното со другото, ама ич не одат?

Такви коментари нема. Тетовирањето ми е професија, а снимањето ми е хоби.

Така се релаксирам и јас и сите околу мене.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-01_1.jpg

Кога почна да тетовираш? Колку си успешна во тоа што го работиш? Имаш свое студио или работиш некаде?

Со тетовирање се занимавам 16 години, имам свое студио Dark ink tattoo studio.

А за тоа колку сум успешна во мојата професија, треба да кажат тие кои се тетовирале кај мене дали се задоволни од мојата работа.

Која е најкомплексната тетоважа што си ја направила?

Не постојат комплексни тетоважи што не можам да ги изработам, сум немала такви.

Но, можам да кажам има тетоважи кои што ми е досадни за работа тоа се tribal, maori и слично.

videata-na-maja-od-prilep-se-hit-na-instagram-ima-hejt-komentari-najmnogu-za-botoksot-na-ustata-02.jpg

Што најмногу бараат жените да им истетовираш, а што мажите?

Жените избираат инфинити знакчиња, а мажите - лавови. 

Дали луѓето што ги тетовираш ти даваат „материјал“ за видеата со своите приказни?

Па не искрено, но, би снимила едно видео и за тетовирање по моја желба, и случки што се случиле во студиото, секако.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Маја Кикириткова за родниот град: „Во Штип како дете по цел ден бев надвор со сендвичот, а најмногу ... „Во моите сеќавања Штип е многу поразличен од тоа што е денес. Додека јас живеев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg