Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“

„Првата кукла ја сошив кога се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а потоа ја везев рачно“ - вели Мира Велјановска (50) од Битола која изработува кукли од природни материјали.

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-01.jpg

Мира Велјановска (50) од Битола e креативна жена која изработува кукли за деца од природни материјали. 

За CRNOBELO.com таа открива повеќе за себе, но и за идејата да започне свој мал бизнис. 

„По професија сум сообраќаен техничар, но никогаш во животот не сум се занимавала ни блиску до тоа.

Откако паметам за себе сум постојано сум сакала да правам рачни изработки, дали тоа ќе биде некој украс за дома, облека, кукли и слично.

Првичната идеја не беше воопшто да започнам со онлајн продажба на куклите, меѓутоа како минуваше времето, оние кои ме знаеја и ги имаа видено моите изработки почнаа да нарачуваат, па си помислив зошто да не пробаме да направиме еден мал онлајн бизнис со нашите кукли.

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-20.jpg

Првата кукла од овој концепт настана еден месец пред да ја добијам мојата внука. Се сеќавам дека се обидовме да најдеме низ многу продавници, но на крај единствена опција која ни остана беше Etsy, каде што ги има/се изработуваат вакви кукли.

Мојата ќерка сакаше да ја има куклата пред да се породи, но не беше сигурна дали ќе стигне навреме. Па така и испадна да излезе првата кукла од мојата машина за шиење“ - вели за CRNOBELO.com Мира. 

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-01_2.jpg

Во продолжение прочитајте повеќе од целосното интервју... 

Како ги изработувате куклите, какви материјали се користат и колку време е потребно за изработка на една кукла?

Основата е изработена на машина. Сè останато везење кроење и слично е рачна изработка. Се користи 100% природен памук и лен.

Од некои кукли имаме направено повеќе така што можно е да се и веднаш достапни. Доколку не се веднаш достапни потребно време за да се изработат е од 2 до 3 денови.

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-03_1.jpg

Зајчиња, глувчиња – вашите изработки имаат и имиња. Од каде идејата за имињата? Колку типови на кукли имате?

Моментално изработуваме зајачиња, глувчиња, мечиња и јагненца. Идејата за сите да имаат свое име беше како би ги доближиле куклите повеќе до дечињата.

Така би имале другарче на кое може да му се обратат по име и да споделат по некоја тајна. Достапни димензии на куклите се 40, 50 и 70 сантиметри.

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-28.jpg

Дали правите кукли по желба на клиентот?

Во моментот се достапни само куклите кои ги имаме споделено на нашиот Инстаграм профил, но секако можат да ни се обратат во порака и доколку е нешто што можеме да го изработиме ќе ни биде задоволство да усреќиме некое детенце.

mira-od-bitola-rachno-izrabotuva-kukli-glavna-inspiracija-mi-e-vnukata-luna-001.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg