Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми ми се од времето пред да стане претседател“

„Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми носеше подароци. Загубата на татко ми уште повеќе го зближи моето семејство. Јас и брат ми бевме мали и ни беше тешко, но на мајка ми најтешко, зашто се бореше и со нејзината и со нашата болка и се трудеше да не го почувствуваме неговото отсуство“, вели Сара Трајковска, ќерката на претседателот Борис Трајковски, за CRNOBELO.com.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-01_copy.jpg

Сара Трајковска, ќерката на претседателот Борис Трајковски, веќе десетина години гради успешна кариера во дипломатијата.

Откако дипломира и магистрира во Лондон, се вработи во Министерството за надворешни работи, a работата ja одведе во САД, каде што работеше во Обединетите нации во Њујорк.

Вели, да беше жив нејзиниот татко, можеби таа ќе имаше некој друг животен пат, но денес е задоволна со тоа што го работи, со професионалните успеси што ги ниже и сигурна е дека татко ѝ би се гордеел со неа.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-05.JPG

По смртта на претседателот Трајковски, Сара, мајка ѝ Вилма и брат ѝ Стефан се повлекоа од јавниот живот, иако многумина и понатаму се љубопитни каде се и што прават, но и како изгледаат денес.

Интервјуто го договоривме „од прва“, а додека пиевме кафе и разговаравме за деталите, и таа и јас се сетивме на едно дамнешно дружење во Истанбул во 2004 година, кога Тоше Проески ја претставуваше Македонија на Евровизија.

За својот татко раскажува со многу емоции. Признава дека и по две децении, болката од загубата не е помала, но таа научила да живее со неа.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-03.jpg

Во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com, Сара зборуваше за кариерата, но и за приватниот живот, за авионската несреќа на татко ѝ која ѝ го одбележа детството, но и како тоа ја „исчеличи“ и ја направи силна личност каква што е денес.

За односот со мајка ѝ Вилма, каде е денес брат ѝ Стефан, но и која е најголемата лага што често ја чита за себе, Сара ни раскажа во разговорот:

Пред неколку месеци се навршија 20 години од авионската несреќа на татко ти... Дали по толку време болката станува помала или само учиш да живееш со неа?

И по 20 години од смртта на татко ми, не би рекла дека болката се намали, туку стана дел од мене и научив да живеам со неа.

Каде беше во моментот кога дозна за страшната несреќа? Како ти соопштија?

Бев на училиште кога ми јавија. И сега кога се присетувам на тие моменти ми е навистина тешко.

Не можев да поверувам дека се случило тоа.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-22.jpg

Колку години имаше тогаш и колку сето ова влијаеше на тебе? Дали мислиш дека можеби ќе имаше поинаков живот или ќе израснеше во поинаква личност да не се случеше несреќата?

Имав само 15 години. Загубата на мојот татко значително влијаеше врз мојот живот. Тоа длабоко ме погоди, но од друга страна ме научи да го ценам секој момент од животот.

Ако тој сè уште беше жив, мојот живот сигурно ќе беше поинаков и ќе добиеше друг тек.

Неговото водство и присуство несомнено ќе влијаеја врз моите одлуки и личниот раст.

Сепак, со текот на годините, станував сè пољубопитна да откривам за неговиот живот и неговите дела, а тоа дополнително ме мотивираше за достигнувања во негова чест.

sara-trajkovska-kjerkata-na-boris-trajkovski-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-55.jpg.jpg

Колку, пак, од друга страна, тоа те направи поблиска со мајка ти и брат ти?

Несомнено, оваа загуба смени многу, но исто така, уште повеќе го зближи моето семејство. Се поддржувавме еден со друг во тешките моменти.

Јас и брат ми бевме на помала возраст и ни беше тешко да се справуваме со тоа. А, за мајка ми беше најтешко, затоа што се бореше и со нејзината и со нашата болка и секогаш се трудеше да не го почувствуваме отсуството на нашиот татко.

Заедничкото искуство ја продлабочи нашата врска и нè натера уште повеќе да ја цениме вредноста на животот и семејството.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-09.JPG

Кои се некои најубави спомени од детството поврзани со твоето растење и со татко ти?

Некои од моите омилени спомени од детството се времињата поминати заедно пред да стане претседател. Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми носеше подароци.

Имаше уникатен начин и пристап со мене додека учев, поставувајќи прашања за да се осигура дека го разбирам материјалот, поттикнувајќи интересни дискусии што го правеа учењето пријатно.

Се присетувам и на нашите разговори додека ме носеше на часови по музичко и јазици. Овие моменти на поврзување и неговата непоколеблива поддршка оставија траен впечаток на мене.

Кога стана претседател, често му се лутев што немаше можност да ми посвети доволно време.

sara-trajkovska-ekskluzivno-za-crnobelo-omilenite-spomeni-so-tatko-mi-mi-se-od-vremeto-pred-da-stane-pretsedatel-16.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg