Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“

„Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како мала имав композиторски аспирации, па песничката „Дајте раце“ ја пратив на конкурс под псевдоним и кога ја примија бев пресреќна“, се сеќава Теа на своите почетоци, во интервју за CRNOBELO.com.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-01.jpg

Пејачката Теодора Теа Трајковска, никогаш не мирува. Постојано снима песни, има настапи, работи на нова музика...

Последното од неа е песната „Сатурн“, дуетот кој го изведе на Макфест со Таско и кој за кратко време се издвои меѓу најслушаните песни од овој фестивал.

„Името ми е Теодoра, но не сум навикната да го слушам во фул форма освен кога вадам документи, уште од рано детство сите ме викаат Теа.

За себе би рекла дека сум пејачка, автор, секогаш меѓу сцената и студиото, а од неодамна повторно во студентска клупа на магистерски студии по соло пеење популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност во Скопјe“ - вели Теа.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-02.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, зборувавме за музиката, блискоста со нејзините брат и сестра, за впечатливиот моден стил, но и за бојата на коса која знае да ја смени и неколкупати годишно, ако ѝ здодее.

Прочитајте го целото интервју со Теа:

Во моментов си актуелна со дуетската песна „Сатурн“ со Таско. Како се случи соработката, на чија иницијатива се споивте и дали пред да почнете да работите на песната си рековте - е сега правиме хит?

До соработката дојде природно и на моја иницијатива, но не беше плански и тенденциозно за Макфест.

Песната како демо ја имавме 2-3 месеци со Лазар Цветкоски и мислевме дека Таско би се вклопил супер во неа и би ѝ дал некоја друга димензија и вајб.

Секогаш кога се поврзувам со друг артист сакам тоа да се случува спонтано, без преголеми очекувања.

Не тргнавме со намера „правиме хит“, туку правевме нешто што на нас многу ни се свиѓа, а кога има искреност мислам дека тоа публиката го препознава.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-03.jpg

Иако имаш албум зад себе и многу песни, позната си и по дуетите со ДНК, Дупер... Која од сите песни е твојата „лична карта“, песна коjа ти ја одбележа досегашната кариера (и зошто мислиш дека е тоа така)?

Искрено, ме замисли прашањево.

Мислам дека сè уште работам на мојата „лична карта“, но ако треба да издвојам песна која ја одбележала мојата кариера и на некој начин со неа почнала мојата кариера, тоа дефинитивно е „Ми треба малку време“.

Како звук, текст и нешто на кое сум горда и после 7 години откако е издадена, би ја издвоила „Рушевини“, песна за која мислам дека тогаш беше пред времето.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-04.jpg

Се живее ли од музика кај нас - т.е. конкретно дали ти можеш да живееш само од свирки и настапи? Или повеќе се троши на песни и спотови од она што се заработува?

Секогаш постои предизвик во живеењето само од музика кај нас, бидејќи голем дел од заработеното се вложува во нови песни, спотови и други работи што се невидливи за публиката.

Сепак, со посветеност и љубов кон тоа што го правам, верувам дека е возможно да се постигне стабилност и вредност од оваа професија.

За мене, музиката е најголема љубов, а потоа и професија, па вложувањето секогаш ми се чини оправдано.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-14.jpg

Често сакаш да го менуваш имиџот - некогаш си русокоса, некогаш црвенoкоса... Во која „кожа“ се чувствуваш најубаво?

Во мојата, хе, хе.

Не сакам да ме дефинира никогаш моменталната боја на коса, затоа и сакам да ја менувам.

Во моментов си се чувствувам најдобро ваква каква што сум, ама до кога - којзнае.

Долго (за мене) ја носам портокаловава боја, така што е можна некоја драматична промена наскоро.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-10.jpg

Како би го опишала твојот стил? Колку се разликува тоа што го носиш приватно од она што го облекуваш на сцената?

Па, поприлично се разликува. На сцена сакам да ја покажам својата креативна и артистична страна, а приватно сакам да ми е удобно, да не се чувствувам настегано и да не се замарам многу многу.

Мојот стил би го опишала како урбан, стрит стајл, кежуал и лежерен приватно, а на сцена како смел, разнолик, понекогаш ексцентричен, а ако тоа го бара пригодата - и гламурозен.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-05.jpg

Три работи што секогаш ги има во твојата чанта?

Телефон, сјај за усни и клуч од кола - како вистински Близнак што секогаш со една нога е тргнат некаде.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg