Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“

А без кое парче облека/аксесоар никогаш не тргнуваш на пат? Што мора да има секогаш во твојот куфер?

Без барем 2-3 чанти за менување според аутфитите и таблет/лаптоп во случај да треба да поработам нешто инцидентно.

И мнооогу накит.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-07.jpg

Имаш ли хоби за кое не знае никој (или само мал број луѓе)?

Хоби и љубов ми е астрологијата, што можеби може да се заклучи по насловот на мојата последна песна.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-11.jpg

Каква музика слушаш приватно?

На мојата плејлиста може да се најде од сѐ по нешто.

Слушам поп, рок, алтернатива, а често и класика, посебно инструментални дела - најчесто клавирски.

Она што го слушам тековно во денот е секогаш одраз на моето моментално расположение и емоционална состојба.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-17.jpg

Колку си блиска со твоите брат и сестра? Колкава разлика сте во години, кој од тројцата е најповлечен, кој е најбунтовен, кој е најлесно избувлив, кој сака секогаш сè да е по негово?

Со брат ми сме разлика 3 години, а сестра ми се роди кога имав 15 години.

Секој од нас е приказна за себе, a сепак сме многу блиски и тука еден за друг.

Брат ми е ептен талентиран и музикален и исто така се занимава со музика, а заврши на смер тромбон. 

Сестра ми е уметничка душа, се бави со режија, глума, црта, свири гитара и е право Gen Z чудо од дете.

Можам да кажам дека се присутни со совет и коментар низ процесот на сѐ што работам.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-19.jpg

Каков ти е љубовниот статус? 

Мојот љубовен живот е секогаш во втор план, а моментално e запоставен.

Никогаш претерано не сум го експонирала затоа што сакам публиката да ме препознава по тоа што го работам, а моментално сум апсолутно посветена само на музиката.

Кога ќе има нешто интересно и важно за споделување на тоа поле, ќе ви кажам.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-15.jpg

Во трето одделение напиша песна за „Златно славејче“... Си ја потпевнуваш ли некогаш? Дали и денес добиваш желба да напишеш некое детско хитче?

Од „Златно славејче“ ги носам едни од најубавите детски спомени.

Уште како мала имав композиторски аспирации, па песничката „Дајте раце“ ја пратив на конкурс под псевдоним и кога ја примија бев пресреќна.

Истата година, после фестивалот тука, ме поканија и во Србија на манифестацијата „Креда црта маштом“, во собранието во Белград, каде ја изведов во дует заедно со девојче од Србија.

До ден денес песната живее и се изведува на приредби тука, а тоа за мене е огромна радост.

Не сум помислила да напишам нешто за деца во последниве години, но можеби таа желба ќе ми се роди кога ќе се реализирам како мајка, ќе видиме.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-09.jpg

Кога не би била пејачка....

Најверојатно би се занимавала со друга уметност.

Можеби би била и добар психолог само не сум сигурна дали, како голем емпат, би можела успешно да се „детачирам“ од сѐ што ќе слушнам.

tea-trajkovska-za-crnobelo-com-predizvik-e-da-se-zhivee-samo-od-muzika-kaj-nas-13.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg