Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би можел да се вратам“

„Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам после 6 години да ја посетам Америка и да ја запознаам малку подобро. Пристигнав во Чарлстон, Јужна Каролина со претерано голем страв за тоа што и како ќе се случи“ – раскажува за CRNOBELO.com Сашо Божиновски од Битола кој веќе неколку години наназад живее на Флорида.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-01.jpg

Сашо Божиновски од Битола од Македонија си заминал со цел да најде подобра иднина. Прво си ја пробал среќата со работа на брод, а во интервју за CRNOBELO.com признава дека во моментот кога стапнал на американското копно чувствувал неизмерен страв и неизвесност за иднината.

Сончевата Флорида му е дом веќе неколку години наназад, а тој со нашите читатели сподели повеќе фотографии од животот таму, а ни раскажа и како дошло до тоа да се пресели таму и со какви сè предизвици се соочил.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-02.jpg

Сашо пораснал во Македонија, во градот на конзулите, Битола, каде долго време работел како фризер и имал свое фризерско студио, но веќе 15 години не се занимава со занаетот.

„Краљ е синонимот по кој сите мои пријатели и Битолчани ме препознаваат“ – вели тој.

Во продолжение целото интервју со Сашо:

Колку години живееш во САД и како одлучи да се преселиш таму? Што е она што те натера да си заминеш од Македонија?

Животот и целата економска ситуација во Македонија ме натераа да сакам нешто повеќе за себе. Да сонувам малку поубав и подобар живот.

Во Америка првпат дојдов во 2013-та година за работа на брод, крузер од компанијата Carnival Cruise line.

Пристигнав во Чарлстон, Јужна Каролина со претерано голем страв за тоа што и како ќе се случи.

Мојата работа на бродот беше како фризер.

Не работев долго на таа позиција, само после неколку месеци работа добив промоција како менаџер на спа-центарот на бродот.

Работата на брод е многу тешка, се работи по 12 часа, но, секако можеш и добро да заработиш.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-03.jpg

Што беше она што најмногу те исплаши на почетокот кога се пресели во САД? Лесно ли успеа да добиеш виза?

Секоја промена е тешка. Но, во животот нема лесно – треба да се бориш.

Не смееш никогаш и од ништо да се откажеш.

Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам после 6 години да ја посетам Америка и да ја запознаам малку подобро.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-05.jpg

Што е она што најмногу ти се допаѓа од животот на Флорида, а што ти пречи?

Мојот живот во Америка најпрво започна во Мајами на Флорида, каде живеев две години, за да се преселам во Далас Тексас и после две години да се вратам во сончевата Флорида во Тампа.

Секој од овие градови има свој шарм и убавина.

Секој од овие држави има нешто уникатно и оригинално.

Морам да признаам дека Далас, Тексас, има посебно место во моето срце.

Тоа е град во кој би се вратил пак.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-06.jpg

Флорида е една од најпопуларните држави во Америка, но и доста традиционална па и контроверзна можам да кажам.

Флорида има прекрасна клима. Повеќе од 8, 9 месеци од годината е топло и сончево.

Дури и премногу топло. Воздухот многу често има премногу влага и тоа прави да ни биде уште пожешко.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-08.jpg

Флорида е позната како дестинација за летување или одмор, зошто најголем број од забавните паркови како Disney, Universal, Busch Gardens и уште еден мал милион забавни паркови се овде.

Секоја година Флорида привлекува милиони туристи од Америка и надвор од светот зошто има толку многу да се види и да се направи на Флорида.

Плажи, ресорти, паркови, ботанички градини, ресторани, музеи, галерии, концерти, изложби и што ли уште не.

Сето ова заедно па и многу повеќе ја прави Флорида една од напосакуваните туристички дестинации во Америка па и во светот.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-07.jpg

Раскажи ни нешто повеќе за Тампа… Каков град е? Се чувствуваш ли безбедно таму? Кои места според тебе вреди да се посетат таму?

Моментално, живеам во Тампа, можеби најпопуларниот град на Флорида.

Тампа е некако како на пола пат помеѓу Мајами, огромен и фасцинантен град и Орландо, каде што се лоцирани најголемите забавни паркови на светот… Не сум баш сигурен, но ги има можеби стотици.

Тампа е прекрасно место за живеење, пред сè заради климата и топлото време, па сè до ноќниот живот, и можностите за забава што се нудат.

Релативно е безбедна за живот, но сепак треба да бидете внимателни не само овде, туку каде и да живеете.

Тампа има толку многу да понуди.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-12.jpg

Ybor City е можеби мојот омилен дел на градот. Тоа е воедно и најстриот и најисторискиот дел на Тампа. Тоа е срцето на ноќниот живот во Тампа.

Изобилува со премногу барови, ноќни клубови, антикварници, пура барови, оригинални ресторани од најразлични страни на светот.

Hyde Park, Armature Work, Riverwalk и Downtown Tampa се генерално моите омилени и најпопуларни места во Тампа.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-10.jpg

На околу 30 мин возење се наоѓа Saint Petersburg мало и оригинално гратче, со претерано голем број на знаменитости.

Sarasota, Clearwater се место кои ги имаат најубавите плажи на светот и нудат најразновидна забава.

Овде ќе ги пронајдете најкристалните плажи и најчистите води, прогласени за едни од најубавите плажи на светот.

Секоја година во февруари, Тампа е домаќин на најголемиот пиратски фестивал на светот Гаспарила.

Можам слободно да кажам дека градот живее за тој ден.

Секоја година илјадници туристи од сите страни доаѓаат за да бидат дел од овој невиден спектакл.

Скоро секој еден кој живее во Тампа се облекува како пират и тој ден се случува најголемата пиратска инвазија на градот.

Парадата е во чест на Хосе Гаспарила, еден од најголемите пирати на овој дел од Флорида.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-09_copy.jpg

Потоа следува 4 до 5 часа долга парада и сето тоа завршува со огромна забава во раните утрински часови.

Еден од поинтересните настани кои се случуваат во Тампа е обојувањето на градската река во зелено, и овој настан се случува во чест на Свети Патрик.

Сето ова и уште многу повеќе ја прават Тампа, уникатно и оригинално место за живеење.

sasho-od-bitola-za-zhivotot-na-florida-koga-si-daleku-od-doma-se-ti-nedostiga-no-ne-znam-dali-bi-mozhel-da-se-vratam-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg