Д-р Ива Малахова Ѓореска, гинеколог акушер: „Тренд меѓу младите мајки е породување со царски рез, а природното е подобро“

Има ли многу жени кои доаѓаат со желба да се породат со царски рез директно?

Секако дека да! Тренд меѓу младите мајки е породување со „царски“.

Конкретно на нашата клиника не постои породување со царски рез по желба на пациентот. Ние тоа темелно секојдневно го објаснуваме, притоа нудиме опција за безболно породување, благодарение на нашите искусни и секогаш подготвени анестезиолози.

Сепак, царски рез е оперативен зафат кој за нас е прилично едноставен и трае 30-45 минути, но истовремено е отворање на абдоменот на мајката. Замислете како тој изгледа при три или четири породувања со царски рез?!

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-11.jpg

Колку е поинакво породувањето со близнаци?

Породувањето близнаци е секогаш многу убав и возбудлив момент за родителите, но и за нас како екипа!

Тоа е возбудлив момент кој прв ќе излезе, кој ќе биде постар/а, кој е поголем/а или кој е поубав/а …

Породувањето е идентично како и кога има еден плод во моментот кога двете близначиња се во главична презентација, односно свртени со главчињата надолу или пак првото е главично, а второто карлично.

Во сите останати случаи породувањето најчесто е со царски рез.

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-08.jpg

Колку за вас е магичен мигот кога мајката за првпат го гледа своето бебенце? Дали во тоа се крие убавината на вашата професија?

Апсолутно! Тоа е убавината во нашата професија, секојдневно сме сведоци на прв плач и прв бакнеж на мајка и бебе.

Има и моменти кога на барање на таткото и согласност од персоналот и тој е дел од породувањето. Тогаш е навистина интересно, емотивно, но понекогаш и најстресно за таткото (ха-ха).

d-r-iva-malahova-gjoreska-ginekolog-akusher-trend-megju-mladite-majki-e-poroduvanje-so-carski-rez-a-prirodnoto-e-podobro-02.jpg

Колку е болно шиењето долу?

Шиењето на епизиотомијата или расцепот се секогаш со употреба на локален анестетик, кој се пласира неколку минути пред да се почне со шиење.

Пласирањето на анестетикот зависи од искуството на лекарот, но секако и од прагот на болка на пациентката.

Секогаш се шие со ресорптивни конци кои не се вадат, односно сами се распаѓаат, откако ќе си ја завршат својата улога.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg