Елена Ристеска блесна на концертот на Милица Павловиќ во Скопје - Модно усогласени, ја пеат „Нинанајна“
- Детали
- сабота, 15 февруари 2025
„Луѓе, јас сум толку среќна што Елена вечерва ми е гостинка. Дојди да те бакнам. Видете колку е убава“, ѝ се обрати Милица на публиката откако испеа дует со нашата пејачка.
Вчеравечер, на денот на виното и љубовта, 14 февруари, српската пејачка Милица Павловиќ одржа голем концерт во Скопје.
А во тие 2 и пол часа на сцената, освен што играше, пееше и се забавуваше заедно со македонската публика, но и со публиката која за неа дојде од јужниот дел на Србија, Милица се дружеше и со своите музички гости - познатиот продуцент и музичар Цоби и нашата Елена Ристеска.
Гостувањето на Елена беше вистинско изненадување за фановите.
Таа на сцената дојде облечена во розова комбинација - палто и хулахопки, а потоа заедно со Милица го испеаја евровизискиот хит на Ристеска - „Нинанајна“.
Милица, која самата смени неколку аутфити, во моментот кога пееше со Елена беше во кратко розово здолниште со златна ѕвезда, па двете пејачки, освен што беа усогласени во пеењето, беа и модно усогласени.
„Ве молам аплауз за оваа прекрасна девојка. Сакам да додадам - луѓе, јас сум толку среќна што вечерва ми е гостинка.
Ти благодарам и те оставам во сигурни раце. Дојди да те бакнам. Видете колку е убава“, ѝ се обрати Милица на публиката откако го испеаја дуетот со Елена.
„Јас сум уште посреќна“, ѝ одговори Ристеска, по што се изгушкаа, а Милица ѝ ја отстапи сцената.
И додека Павловиќ се преоблекуваше, нашата пејачка ја испеа својата балада „Доживотно“ во еден глас со публиката, а беше наградена со силен аплауз.
Прочитајте и Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“
А. Ј. | Црнобело
Фото: Инстаграм Стори