Го нарече Ди Каприо лош љубовник – Која е девојката што ги привлече сите погледи со мокриот, провиден фустан?
Ја избркале од училиште затоа што позирала во долна облека, откри што ѝ направил Леонардо за време на секс, направила операции за да личи на Софија Лорен – која е девојката што ги привлече сите погледи со мокриот, проѕирен фустан на филмска премиера во Милано?
Италијанската манекенка со романско потекло Мадалина Генеа (34) на премиерата на филмот House of Gucci во Милано се појави во мокар, бел, проѕирен фустан и го покажа извајаното тело.
Мадалина во филмот ја игра младата Софија Лорен, а на премиерата пристигна додека надвор врнеше дожд, но не дозволи тоа да ѝ го расипе моментот, туку направи вистински спектакл и позираше во неколку смели пози.
За Мадалина велат дека е една од најубавите манекенки во светот, италијанските медиуми ја нарекуваат модерната Софија Лорен, а пишуваа и дека направила пластични операции за да личи на славната актерка.
Таа признава дека сѐ уште не е сигурна во сопствениот изглед, а во продолжение прочитајте неколку интересни факти за неа.
Мадалина Диана Генеа (34) по потекло е од Слатина, Романија.
Кариерата како модел ја започнала на 14-годишна возраст, а на 15 години била избркана од училиште затоа што се фотографирала во долна облека. Наводно, таквата фотосесија воопшто не им се допаднала на одговорните во училиштето.
На возраст од 15 години Мадалина одлучила да се пресели во Милано (Италија) каде ја започнала својата кариера како модел и како актерка.
Во 2007-ма година таа се појави во видеоспотот за песната Il Tempo tra di Noi на Ерос Рамацоти (58), а дополнително медиумите пишуваа за наводна врска помеѓу неа и 24 години повозрасниот пејач.
Мадалина во 2011-та година беше во врска со холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо (47), а откри каков љубовник е тој:
„За време на сексот Лео легна на грб, ја зема електронската цигара и си стави тампони за уши, ги затвори очите и само ми кажа да продолжам.“
Во 2012-та година Мадалина беше во врска со Жерар Батлер (52). Тие наводно се запознале во Њујорк, а три дена подоцна шкотскиот актер отишол да ја посети во нејзиниот дом во Милано.
Тој велеше дека е мошне вљубен во неа, но по една година одлучиле да се разделат затоа што тој не бил подготвен да „се скраси“.
Во 2014-та година беше во врска со актерот и возач на тркачки автомобили Мајкл Фасбендер.
Во 2017-та година Мадалина се породи со нејзината ќерка, но не го откри името на таткото на нејзиното дете.
За време на снимањето на House of Gucci, Мадалина беше фотографирана како ужива во романтична вечера со колегата Џеред Лето.
Б. С. Б. | Црнобело