Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро, а јас неговото море“
- Детали
- петок, 14 февруари 2025
„Јас и Ненад се познаваме од средно и, верувале или не, тој ми беше симпатија уште тогаш. Учевме во Никола Карев, но ништо не се случи и патиштата ни се разделија...“, вели Ксенија Николова за љубовта со ракометниот судија Ненад за CRNOBELO.com.
Ксенија Николова, наша писателка и мотивациски говорник, веќе речиси 5 години е во брак со ракометниот судија и бизнисмен Ненад, чие семејство го држи познатиот скопски ресторан за традиционална македонска храна „Национал“.
Ксенија вели дека тој е нејзиното сидро, а таа неговото море.
Тие стапиле во брак на интимна церемонија во време на короната, а во љубов се повеќе од една деценија.
Ксенија споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Јас и Ненад се познаваме од средно и, верувале или не, тој ми беше симпатија уште тогаш.
Учевме во исто средно училиште, Никола Карев, и имавме големо друштво од кое честопати и јас и тој бевме дел.
Сепак, тогаш ништо не се случи. Јас после тоа заминав да студирам во Шпанија, па во Дубаи и откако се вратив, повторно ни се споија патиштата и почна тоа што можеби и порано можело да почне, но не било вистинското време.
Ние сме заедно веќе 10 години, а оваа година ќе правиме 5 години во брак.
Ненад ме запроси една Нова година, а во 2020 се потпишавме во матично. Се венчавме во екот на короната и направивме мала и интимна прослава, нешто што е симбол за карактерите и на двајцата.
Ненад е ракометен судија, се занимава и со бизнис, а неговото семејство го држи познатиот скопски ресторан за традиционална македонска храна „Национал“.
Ние сме многу различни, јас сум визионер, а тој практичар, за него чудото постои само ако се случило, а за мене доволно е да можам да го замислам.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113710_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111190_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113892_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107906_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107276_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112227_400.jpg)