Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во Македонија“

„Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спиење се појавувам, Тарек е инженер во фирма за градежништво, каде се работи и по 10-11 часа во денот, па така патувањата ни се најдобар начин на поврзување“, вели Ана Колевска за CRNOBELO.com.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-01_copy.jpg

Ана Колевска е наша стјуардеса, која години наназад живее и работи во Дубаи, па токму таму ја пронашла и љубовта на својот живот – инженерот Терек.

IMG_0604.jpg

Тарек е израснат во Јордан, но има мајка од Романија и татко од Палестина, така што менталитетот му е многу сличен на нашиот, открива Ана.

Таа вели дека најмногу ги поврзува страста за патувања.

IMG_8838.jpg

За нивната љубовна приказна, Ана говори за CRNOBELO.com:

„Со Тарек се запознавме спонтано околу крајот на 2021 година, на божиќна забава од заеднички пријатели.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-15.jpg

Си разменивме Инстаграм, но јас не посветив многу внимание, едноставно беше само уште едно ново познанство за мене.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-16.jpg

Неколку месеци подоцна случајно се видовме во клуб, јас чекав пијачка на шанк, а тој ме забележал и ми се придружи. 

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-06.jpg

Неколку пијачки подоцна, муабети и смеење, па ме покани да им се придружам со истото друштво на патување во Барселона и Ибица за музички фестивал. Бидејќи сум спонтана личност, јас веднаш прифатив и ја букирав картата во истиот момент без размислување.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-05.jpg

Тарек беше изненаден од мојата реакција и рече дека досега нема видено некој со толку импулсивен и авантуристички дух и дека баш заради тоа му се допаѓам.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-10.jpg

После тоа сè е историја. Интересно е тоа што сите мислеа (вклучувајќи ме и мене) дека тоа е импулсивна реакција од мене и дека сè ќе заврши како една летна авантура.

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-12.jpg

Тоа патување беше најверојатно мојата најголема и најзабавна авантура во животот. После тоа следуваа уште неколку испланирани заеднички патувања (Шри Ланка, Турција, Индија).

ljubovnata-prikazna-na-nashata-stjuardesa-ana-i-tarek-od-jordan-zhiveeme-vo-dubai-toj-ushte-ne-bil-vo-makedonija-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg