Ана од Скопје: „Неколкупати бев одбивана на интервјуата, но кога успеав и станав стјуардеса - животот ми се промени“

„Нигерија како држава важи како една од најопасните, каде што секојдневно голем број луѓе се киднапирани и исчезнуваат. Периодот додека живеев таму посетував сиропиталишта каде што поминував време со децата, учејќи ги англиски или готвење храна за нив. Им организирав и посета на авионот, беа многу возбудени...“, раскажува Ана (31) од Скопје, која потоа доловува како изгледа животот во Дубаи, но и професијата стјуардеса.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-01.jpg

Ана (31) од Скопје, по професија забен техничар, вели дека отсекогаш сакала да го истражува светот и на 20 години се одлучила да замине во Катар. Првобитната идеја ѝ била Дубаи, но поради годините не можела да добие виза (во Дубаи е потребно 21 година за да се сметаш за полнолетен).

По една година работа во Катар одлучила да го следи својот сон и да го види Дубаи. Во Дубаи работела една година во ресторан, потоа уште 2 години во бутик, па како ПР за многу локали таму и тоа ѝ дало самодоверба за конечно да собере храброст и да аплицира за стјуардеса.

За CRNOBELO.com Ана ја пренесува својата приказна, како и авантурите од патувањата:

Зошто токму стјуардеса? Колку време се занимаваш со оваа професија, која е најдобрата и најлошата страна да се биде стјуардеса?

Бев неколку пати одбиена во Emirates Airline и Flydubai, но конечно на крај добив понуда од Flydubai и животот ми се промени засекогаш.

Желбата за стјуардеса се јави уште од детските денови, дојде од еден филм наречен „Поглед од врвот“, кој се работи за девојка која има силна желба да биде интернационална стјуардеса и ќе направи речиси сè за да ја постигне својата цел.

Кога требаше да се запишам во средно, после истражувања дознав дека во Белград има школо за стјуардеси, но моите родители не дозволија и инсистираа дека треба да учам за медицинско лице. По завршувањето на школувањето се одлучив да ги следам своите инстинкти и можам гордо денес да кажам дека ме донесоа токму каде што посакував најмногу.

Работев како стјуардеса 4 години. Приказната започна со Flydubai, продолжи со Etihad Airways и потоа добив шанса да искусам летање со приватен чартер во Нигерија.

Најдобрата страна на оваа работа е тоа што ти дава неверојатно богато искуство во животот, кое ќе те промени и изгради како личност.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-05.jpeg

Сè уште се сеќавам на возбудата кога го добив повикот на телефон дека сум ја добила работата, потоа кога прв пат ја облеков униформата, интензивните тренинзи и обуки, првиот распоред со дестинации на кој ќе летам, и секако првиот лет. Едноставно нема зборови кои можат да го доловат тој микс на емоции, ако не сте го доживеале лично.

Според мене, речиси никогаш не пронајдов ниту една лоша страна во оваа работа, едноставно беше како љубов на прв поглед. Да, секако работата е напорна, будење на средноќ за летови, многу физички активности во авионот, пропуштање на многу семејни настани, чувство на осаменост, имаше и денови кога сум била целосно изморена да немам енергија ни кафе со колешките да испијам, но тоа никогаш не ја смени мојата љубов за професијата.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-10.jpeg

Како изгледаше твоето интервју за работа? Какви критериуми беше потребно да исполниш?

Интервју за оваа работа е долг процес. Започнува со пополнување апликација на веб-страницата за којашто е потребно добро средено резиме и 2 фотографии во бизнис аутфит.

Потоа, започнува моментот на исчекување и тензија. Обично за одговор се чека до 3 седмици и ако сте доволно среќни да бидете избрани следува мејл со неколку тестови. Има тест за интелигенција, тест за персоналност, тест за англиски јазик и тест за основно познавање на работа со клиенти. Доколку сте успешни на тие тестови следува покана за официјално интервју кое трае цел ден и ќе се натпреварувате со многу апликанти од целиот свет.

Конкуренцијата е огромна и од околу 70-100 луѓе избираат 10-15 во тој ден. Денот се состои од лична презентација до решавање проблеми во групи.

Тестираат колку сте издржливи на притисок, како се сложувате со група на луѓе што само што сте ја запознале, а треба да работите заедно до решавање на проблемот, гледаат колку сте уредни и организирани, дали шминката и ноктите ви се во секој момент беспрекорни и слично.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-22.jpeg

Во текот на денот по секој круг активности има луѓе што испаѓаат од групата и луѓе што продолжуваат понатаму. На крајот тие што ќе бидат успешни ќе бидат поканети на финално интервју, кое ќе одлучи дали ќе ја добијат работата.

По завршувањето на тоа интервју се чека 2-3 седмици за одговор. Ако одговорот е позитивен, тогаш испраќате потребни документи за виза и медицински преглед, дококу сè е во ред со вашето здравје, работата е ваша и возбудата започнува со тренинг 6 седмици.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-23.jpeg

Имаш искуство со авиокомпании од различни држави и притоа си живеела во тие држави... Колку животот таму е поразличен од животот во Македонија?

Flydubai беше со седиште во Дубаи, Etihad Airways како национална авиокомпанија беше во главниот град Абу Даби, а приватниот чартер имаше база во Абуџа, Нигерија.

Животот во Дубаи е дефинитивно мојот омилен дел од приказната. Дојдов тука пред речиси 10 години со идеја да останам не повеќе од 1-2 години само за да имам лично искуство како изгледа да се живее во овој град.

Десет години подоцна, тој план се смени, сè уште сум тука и веќе сериозно размислувам да вложам во недвижнини и да го продолжам мојот живот во УАЕ и гордо би кажала дека овде сега е мојот дом.

Секогаш летото ми била најомилена сезона и Дубаи дефинитивно е дестинација со 365 дена сонце. Во споредба со Македонија, тука светот функционира многу поразлично. Трудот се цени многу повеќе, а лојалноста се наградува.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-21.jpeg

Имам основано многу голем круг на пријатели, кои не би сакала никогаш да ги напуштам. Животот е брз и динамичен, а градот нуди баш сè што ќе замислите за забава и релаксација. Од огромни шопинг центри, до водени паркови, песочни плажи, многу интернационални клубови и ресторани, до прекрасни и безбедни населби за живеење, опремени со сите потреби за интересен и исполнет живот.

Во Абу Даби имав шанса да живеам година дена, и можам да кажам дека на многу моменти ме потсетуваше на делови од Македонија.

Животот е многу побавен од Дубаи, луѓето имаат повеќе време да посветат на пријателите, но имаат многу поригорозни рестрикции во споредба со Дубаи. Таму најмногу живеат локалните луѓе и затоа сè наоколу е многу поконзервативно.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-28.jpg

Најубавата работа која ти се случила за време на некое патување е…

Најубавиот момент беше кога на распоредот во мојот прв месец од летање со Etihad Airways, добив „лајовер“ во Мелбурн, Австралија. Возбудата беше преголема бидејќи таму живее мојот чичко и моите братучеди. Нив ги немав видено скоро 8 години, а моите внуки никогаш не сум ги запознала.

Лејоверот траеше 24 часа, а летот од Абу Даби до Мелбурн трае цели 15 часа летање во ноќта. Кога пристигнав бев премногу изморена, но тоа не ме спречи да повикам такси и да ги посетам. Тие не беа известени за мојата посета и среќата што ја видов во нивните очи тој ден беше неизмерна.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-07.jpeg

Најлошата работа која ти се случила за време на некое патување е…

Секоја посета на секое ново место носи нова возбуда и ново искуство, така што не можам да одвојам некоја случка што ми оставила лош впечаток.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg