Ана од Скопје: „Неколкупати бев одбивана на интервјуата, но кога успеав и станав стјуардеса - животот ми се промени“

Како ги поднесуваш временските и температурните разлики?

На почетокот ми беше многу тешко да можам секој ден да се адаптирам на нова сезона низ светот, но подоцна се навикнав.

Исто така во летните месеци во УАЕ е многу топло, така што се обидов да аплицирам за одмор во тие месеци и да го поминам некаде низ Азија.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-14.jpeg

Колку земји имаш посетено досега?

Имам посетено 5 континенти и 50 држави.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-09.jpeg

Држава во која со задоволство се враќаш одново и одново е…

Имам неколку држави во кои би се враќала ако можам и секоја година барем еднаш. Тоа се Тајланд, Индонезија, Индија, Шри Ланка и Сингапур.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-16.jpeg

Држава која не би сакал да ја посетиш никогаш повеќе е…

Дефинитивно Бангладеш! Тоа беше мојот прв лејовер што го имав и нема никогаш да заборавам колку беше преголем хаос и константна врева насекаде.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-20.jpeg

Како изгледа животот во Нигерија? Зошто не ти се допадна таму?

Нигерија беше нешто што никогаш не очекував дека ќе се случи. Со оглед на тоа дека е една од земјите во Африка со многу сиромашно население, на почетокот бев во шок од глетката, но подоцна се обидов да го прифатам тоа дека не секаде светот е розов и дека можам да најдам начин со мали обиди барем на дел од луѓето околу мене да донесам насмевка.

Изненадувачки е колку интелигентни луѓе запознав, но и тажно што животот никогаш не им пружил шанса да се школуваат и да ја развијат таа интелигенција.

Нигерија како држава важи како една од најопасните, каде што секојдневно голем број луѓе се киднапирани и исчезнуваат. Периодот додека бев таму, покрај обврските со работа, слободното време го користев во посетување на сиропиталишта каде што поминував време со децата, учејќи ги англиски или готвење храна за нив.

Еден ден успеав и да им организирам посета на авионот бидејќи беа многу возбудени да видат како изгледа.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-18.jpeg

По речиси една година помината таму, се одлучив дека сепак Дубаи е мојот дом, и би сакала да се вратам назад. Најмногу поради тоа што Нигерија не е безбедна земја за нормален живот, а исто така и дека многу секојдневни работи за живот не се достапни таму.

Тоа беше прекрасно искуство и научив многу за животот таму и нивната култура, но време беше да се вратам каде приказната започна и да продолжам да ја градам со нови искуства.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-27.jpeg

Живееш во Дубаи, долови ни го секојдневието таму…

Неодамна се преселив во нов стан со голема градина и поглед кон базенот. Па, така денот ми започнува со утринско кафе во градината со мојата мачка Лео, потоа утринско пливање во базенот и правец на работа во бутикот.

Слободните денови ги поминувам со пријателите на авантури во пустина или вечери и ручеци во некој од рестораните или плажите.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-19.jpg

На оние кои сакаат небото да им биде „канцеларија“, но немаат храброст, што би им порачала?

Секојдневно се соочувам со истото прашање и одговорот е ист секогаш, дефинитивно мора да се проба, бидејќи според мене е едно од најдобрите искуства во мојот живот, и одлуката да станам стјуардеса не би ја сменила никогаш во ниедна ситуација.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-06.jpeg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg