Патот до славата на турскиот диџеј Махмут Орхан: Пораснал во сиромаштија, на 12 години работел во бутик
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Израснал во сиромашно семејство на автолакер и домаќинка, а за да го купи првиот компјутер гладувал со месеци. Мајка му не ја сфаќала неговата опседнатост со музиката, а тој сонувал само едно – да стане богат и славен. Што знаеме за турскиот диџеј Махмут Орхан, кој наскоро ќе настапува кај нас?
Махмут Орхан е турски диџеј и продуцент, кој во последните 10-тина години успеа да стекне светска слава.
Првиот најголем успех го постигна во 2015-та година со песната Age of Emotions, а следната година со турската пејачка Сена Сенер ја сними песната Feel која стана огромен хит.
Денес Махмут е 31-годишен музичар и продуцент кој е препознатлив по модерните денс и хаус хитови кои го комбинираат традиционалниот турски мелос со модерната музика, а неговите хитови се пуштаат во дискотеките низ целиот свет.
Махмут на Ohrid Calling / фото: Стефан Рајхл
Неговата приказна е инспиративна и покажува дека со напорна работа и труд секогаш може да ги остварите соништата, а секако потребен ви е и талент и харизма.
Што знаеме за турскиот диџеј кој успеа да го освои светот?
Махмут е роден во 1993-та година во Бурса, Турција како најмало од трите деца во семејството. Татко му бил автолакер, а мајка му била домаќинка, која се грижела за семејството.
Тој вели дека израснал во сиромашниот дел на градот и затоа од мали нозе почнал да сонува дека еден ден ќе заработи доволно за да може да се пресели во центарот на градот каде што живееле богатите и успешните.
Заради тешката финансиска состојба Махмут бил принуден на 12 години да почне да работи во бутик.
Во 2009-та година, негов пријател кој работел како диџеј дошол во бутикот да купи облека за настап и му понудил работа – да ги носи звучниците и опремата пред настапите.
Така една година Махмут само носел звучници и опрема пред настапите на пријателот, но следната година веќе сакал да стане диџеј, па почнал прво да работи на свадби во дискотеки и клубови низ Бурса.
Вели дека ментор во тоа време му бил турскиот диџеј Умут Тонга, па дури тој му ги подарил првите слушалки, а за да може да си купи компјутер, Орхан со месеци гладувал и парите за храна ги штедел.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





