Патот до славата на турскиот диџеј Махмут Орхан: Пораснал во сиромаштија, на 12 години работел во бутик
Во една пригода раскажа како слушалките што му ги дал менторот се скршиле додека се возел во автобус и затоа што немал пари да си купи нови ги лепел со селотејп на ушите за да може да работи.
Неговите родители не го разбирале неговото скапо хоби, па раскажа дека мајка му гневна затоа што синот не оди во училиште и по цели ноќи оди во дискотеки, секое утро пред да оди на работа му ги сечела со ножици лепенките со кои му биле залепени слушалките.
На 19-годишна возраст Махмут се преселил од Бурса во Истанбул и тогаш ја добил првата можност да се докаже. Ги пратил неговите песни на грчка продуцентска куќа, по што неговата песна Ceiron била ставена на албумот Buddha Bar.
По ова станал музички менаџер во ресторанот Chilai, во Истанбул каде ја пуштал неговата музика и брзо почнал да привлекува внимание.
Признава дека на почетокот на кариерата, продуцентите се обиделе да го натераат да си го промени името за да не биде впечатливо дека е Турчин, но тој не прифатил.
Во една пригода раскажа дека бил крстен по вујко му кој починал пред да се роди. Кога мајка му го сонувала починатиот брат неколку дена пред да се породи, одлучила на синот да му го даде неговото име.
Иако нема формално музичко образование, во 2012-та година дипломирал на Академијата за диџеи Mixology.
Махмут на Ohrid Calling / фото: Стефан Рајхл
-->
-->
Денес Махмут успеал да си ги оствари соништата и да заработи доволно за да си ја задоволи зависноста од брзи автомобили, патувања и живот на висока нога, но признава дека му недостасува време за дружби и за нормален приватен живот.
Тој е во врска со турската инфлуенсерка Наз Сахин.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк...
„Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак
Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...

„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“
„Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде...

„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант...
Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин...
Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...