„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат

jezivo-e-kolku-stana-normalno-site-vo-skopje-da-se-izneveruvaat-01.jpg

Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте дел од ноќни излегувања и социјални случувања, верувам дека ќе се запрашате: „Што му се случи на градов, односно што им се случи на луѓево во градов?“

Секој со секого, оженети/омажени, а живеат „сингл“ живот како во најдобри денови.

Жената/мажот дома? Па, на кој му е грижа за тоа!

Млади колешки, па моќни постари колеги, па постари колешки, па млади згодни колеги, па покрај професионални и „рандом средби“ разгоруваат страсти за една ноќ, за утре не се мисли, за манири и ветување дадено за љубов и почит во бракот уште помалку.

Разврат и блуд, едноставно згрозувачки.

Дури и да кажеме дека е во ред и невин флерт и излегување од рутината, но некако воопшто не е во ред блуд и разврат, а Скопје како да живее токму такви денови.

Секој со секого, буквално „језиво“.

Таа мајка може да му биде, таа ќерка може да му биде, што има врска, сè е во игра.

Жена му за таа е измислена, па што има врска, таа го вика „мече“, а не „свиња“.

Се спие за повисоки работни позиции, се лаже штом уста се отвори, едно се ветува друго се сервира.

И не знам дали сум „старомодна“ ама трендов воопшто не ми се допаѓа и така ми ја сквернави институцијата наречена брак, што оди до степен на поткопување на темелите и на колебање за нејзиното постоење.

Зошто тогаш стапувавте во брак? Или зошто сте сè уште во брак?

Ако не ви е убаво, барајте си чаре, не си ги срамете сопружниците дома.

И не, не е мангупски да имаш љубовник/ца и да спиеш со кој ќе стигнеш – „језиво“ е! Скопје што ти стана?

Автор: Згрозена

Доколку сакате и вие да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg