Антониа Гиговска испровоцира со изјава за изневерувањето: „На мажите тоа им е како ‘добро утро’“

„Ако не ме гушнеш, допреш, бациш, забораваш да го правиш тоа зашто имаш поважни работи, извини, или ќе расчистиме или ќе најдам и јас утеха во друг што ќе ми возврати на сè она што јас 1000% го давам за тебе, како што наоѓаш и ти утеха во друга за да ти е интересно, не за друго“, вели Антониа, која испровоцира јавна реакција кај многу мажи на тема изневерување.

antonia-gigovska-isprovocira-so-izjava-za-izneveruvanjeto-na-mazhite-toa-im-e-kako-dobro-utro-01.jpg

Антониа Гиговска гостуваше во подкастот „Равенка за успех“, кој премиерно ќе се прикажува вечерва.

Таа на својот Инстаграм објави краток видео-тизер од гостувањето, со порака дека тоа е едно од најискрените интервјуа што ги дала во животот.

Темата на која зборува Антониа е машко-женското изневерување, љубов и почит.

antonia-gigovska-isprovocira-so-izjava-za-izneveruvanjeto-na-mazhite-toa-im-e-kako-dobro-utro-03.jpg

Па, во интервјуто, таа вели:

„Да сум маж, мене ќе ми е, искрено, голем минус да ме изневери жена. Жена изневерува само кога е незадоволна, кога е несреќна и кога мажот не го прави она што треба да го прави вистински.

Право машко треба да знае како се сака жена, а тоа не е само да ти каже „Те сакам“. Што имам јас од твоето „Те сакам“ ако ти не ми докажуваш со дела како ме сакаш.

Мораш да ме сакаш, да ме почитуваш, мораш да ме заштитиш, мора да знаеш да се носиш со сè, едноставно, да ме почитуваш. Тоа, мислам дека е главното.

А сум била многу сакана. Ама сум била и многу повредена. Тенка е линијата, ме сакаш, а ме повредуваш“.

Оваа изјава на Антониа, очигледно предизвика големи реакции меѓу мажите кои ја следат на социјалните мрежи.

antonia-gigovska-isprovocira-so-izjava-za-izneveruvanjeto-na-mazhite-toa-im-e-kako-dobro-utro-05.jpg

Па таа, без да споделува пораки или открива имиња, им се обрати на сите нив преку Инстаграм Стори:

„Уууу, многу мажи повредени во коментари. Си ги сфаќате работите како што сакате да ги сфатите, тоа е проблемот...

Никаде не кажав дека јас сум изневерила, кажав зошто доаѓа до тоа да бидете изневерени од „Жена“, што е мнооогу помала веројатноста да се случи, а поголема е веројатноста мажите да го направат тоа затоа што им е како „добро утро“.

Така си го билдаат егото дека се многу посакувани.

antonia-gigovska-isprovocira-so-izjava-za-izneveruvanjeto-na-mazhite-toa-im-e-kako-dobro-utro-04.jpg

Ако не ме гушнеш, допреш, бациш, забораваш да го правиш тоа затоа што имаш поважни работи, извини, или ќе расчистиме или ќе најдам и јас утеха во друг што ќе ми возврати на сè она што јас 1000% го давам за тебе, како што наоѓаш и ти некоја утеха во друга за да ти е интересно, не за друго.

Секој може сè, да се разбереме, само што секаде во светот жената на крајот излегува к*рва, а мажот „boss“, ако дојде до неверство.

Сакајте си ги жените, почитувајте ги, радувајте ги со ситници, давајте им внимание како што тие тоа го прават за вас, за да не ви отидат за друг. Таков е фудбалот“, напиша Антониа.

antonia-gigovska-isprovocira-so-izjava-za-izneveruvanjeto-na-mazhite-toa-im-e-kako-dobro-utro-02.jpg

Погледнете го видеото од најавата за нејзиното интервју, каде што е гостинка заедно со нејзиниот пријател и долгогодишен соработник, Даниел Николовски:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg