Ана од Скопје: „Неколкупати бев одбивана на интервјуата, но кога успеав и станав стјуардеса - животот ми се промени“

Кои се најиритирачките работи кои ги прават патниците во авионите?

Имам преголема љубов за оваа професија, а исто така преголема емпатија за луѓето да можам секогаш да успеам да ја разберам причината за нивното однесување, така што не би рекла дека нешто би ме иритирало.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-15.jpeg

Пред сè ние стујардесите сме добротренирани да можеме да ги разбереме сите патници зашто би реагирале во одредени моменти и можам да кажам дека тоа е најубавиот дел од професијата.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-11.jpeg

Дали стјуардесите имаат добри работни услови? Зошто правиш промена во кариерата?

Условите за работа како стјуардеса на Блискиот Исток се едни од најдобрите. Можам да кажам дека сме најдоброплатени во светот, но исто така имаме и многу бенефиции.

Почнувајќи од огромни комплекси за живеење со раскошни станови во населби со базени, теретани и СПА центри до членски картички со попусти во хотели, ресторани, бутици низ целиот свет, како и здравствено и животно осигурување валидно во целиот свет.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-13.jpeg

Промена во кариерата правам само поради моменталната глобална ситуација во авијацијата, но дефинитивно кога работите ќе се вратат во нормала би се вратила назад. Во моментов само што започнав со работа во продавница за бренд за луксузни часовници и сум многу возбудена да научам нешто ново.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-24.jpeg

Каков ти е односот со колешките? Имате ли контакт со пилотите? Се однесуваат ли надмено?

Многу од колегите и колешките низ годините, прераснаа во доживотни пријатели. Особено двете колешки од Полска со кои делевме стан во Абу Даби и ден денес ми се многу блиски пријателки.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-25.jpeg

За пилотите важи клише дека се однесуваат надмено, но тоа не е точно. Лично можам да кажам дека повеќето од моите пријатели се пилоти, отколку стјуардеси.

Но, секако има и такви кои што размислуваат дека пилот е највисока позиција во авионот, но и во приватниот свет треба да се третирани како луѓе со силен авторитет, што во мое мислење е погрешно.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-17.jpeg

Кој ти беше најтежок лет?

Најтешки летови дефинитивно ми беа Канада и Австралија, бидејќи се едни од најдолгите тука и секогаш се полни до последно место.

Најдолгите летови ми беа Торонто, Канада и Мелбурн и Сиднеј, Австралија. Во Америка за жал немав среќа да летам бидејќи немав извадено виза.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-26.jpeg

Како изгледа распоредот на една стјуардеса? Кои денови ти се одмор?

Ах тој магичен распоред! Многупати го обожавав, но имаше и месеци кога и не ми беше толку мил.

Најинтересно беше дека пред секој распоред да биде објавен има период за наддавање. Во некои месеци системот ти дава скоро сè што ќе посакаш, секоја дестинација што сонуваш да ја посетиш, но има и месеци кога системот и не те сака баш толку многу и ти дава само ноќни летови до кратки дестинации без „лејовери“.

Денови за одмор има многу, но најмногу зависат од комбинацијата на саати што леташ. Има правила колку часови максимум можеш да леташ и колку часови ти е потребен одмор после секој ден.

ana-od-skopje-nekolkupati-bev-odbivana-na-intervjuata-no-koga-uspeav-i-stanav-stjuardesa-zhivotot-mi-se-promeni-08.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg