Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во Македонија“
Според мене заедничките патувања со партнерот се најдобри за запознавање меѓу себе, но и за разбирање дали вие си одговарате како личности во целина. Па, така тие исти патувања нас нè зближија и по неколку месеци врска, се решивме да дадеме шанса и да почнеме да живееме заедно.
По неколку месеци на мојата мачка ѝ донесовме и куче по дома и сега сме баш целосно семејство.
Најубави мигови ни се тие денови за одмор, коишто секогаш ги користиме за патување, затоа што тие се денови кога можеме целосно да се посветиме еден на друг, бидејќи и двајцата работиме константно.
Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома почесто само на спиење се појавувам, Тарек е инженер, работи во фирма за градежништво, каде се работи и по 10-11 часа во денот.
Нашите патувања најмногу се состојат од музички фестивали низ светот, бидејќи и двајцата сме вљубеници во електронска музика, а и така ни почна врската, па да одржиме традиција.
Досега заедно сме биле во Шри Ланка, Гоа - Индија, Малдиви, Амстердам, Истанбул, Барселона, Ибица, а сега за брзо планираме и патување до Цирих за роденденот на Тарек.