Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро, а јас неговото море“
Сепак, имаме и нешто што е наша заедничка основа и мислам дека тоа е најважно. Нашите детски, чисти души се споија толку вешто, што успеавме сите разлики и недоразбирања да ги надминеме, некои полесно, некои потешко, но успеавме.
Она што ми е многу важно е што и двајцата сме индивидуи кои свесно решија да делат живот заедно, секој од нас има свое секојдневие и не сме си сенка една на друг.
Не би можела да бидам дел од приказна што ме гуши, а мислам дека ни тој. Да умееш да му го оставиш просторот на партнерот е одлика на зрелоста, но и на тоа колку добро го познаваш.
Животот ни фрла многу предизвици, тоа важи за сите нас, но што учиме од тие предизвици, тоа е веќе индивидуално.
Мислам дека допрва ќе се гледаме себеси од други агли, и јас и тој, допрва следуваат нови хоризонти за нас, затоа што многу пат изодевме, многу научивме, лекциите ги претворивме во нова матрица што функционира подобро од старата.
За мене домот е многу важен и мирот ми е нешто што не го менувам за ништо.
Среќна сум што се сложуваме за ова со Ненад и што често во наједноставните работи наоѓаме најмногу среќа, како на пример играње карти, јадење сладолед, дискутирање на некоја тема и прифаќање на фактот дека нема да се сложиме (ха-ха).
Истовремено, во последно време сфаќам дека сите ние можеме да имаме повеќе варијанти од себеси во животот, онаа авторитетната да ја оставиме за во професионалниот свет, а онаа забавната и кревката да ја носиме дома, на пример.
Многу е важно тие работи да се разграничат, зашто честопати она што треба да го носиме дома, го носиме на работа и обратно.
Нашата љубов има повеќе слоеви, една е онаа романтичната, една е онаа другарската, а онаа најдолу, основната, таму е љубовта што ја имаме еден за друг како луѓе, односно она што вистински го мислиме еден за друг и она што си го посакуваме еден на друг.
Мислам дека таму лежи нашата најголема сила. Тој е моето сидро, а јас сум неговото море“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





