Бубе Ин за CRNOBELO: „Мајка ми почина кога почнував да работам, никогаш не успеав да ѝ направам фризура“

„Работата ме врати во живот. Ми даде светлина, енергија да одам понатаму. Помина една и пол година пред првпат да фатам ножици и откако помина тоа прво шишање, како да бев препороден“, вели еден од нашите најдобри фризери, Бубе Ин за CRNOBELO.com.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-01.jpg

Ако некој ви каже дека бил на потстрижување кај Љупчо Петрушевски, најверојатно двапати ќе размислите за кого ви зборува.

Но, ако се спомне името Бубе Ин, како што е познат последниве 27 години, откако е во фризерската професија, тогаш не постои дилема дека станува збор за еден од најдобрите кај нас.

Бубе е синоним за иновативност и професионалност во фризерската сфера кај нас.

И секогаш е во тек со новините, а ги дознава на бројните семинари што ги посетува, а се одржуваат насекаде низ Европа.

Но, уште една работа е карактеристична за овој млад човек - фактот што одамна потстрижува само со една рака, откако пред неколку години му се парализираше левата страна на телото, а нему му беше дијагностициран вирусен енцефалит.

Иако не сака да се сеќава многу на тешките времиња, Бубе во разговор за CRNOBELO.com вели дека е ментално силен и дека по првата година кога дури и не му се живеело, успеал да се врати на работа, да води нормален живот и да биде почитуван во својата професија.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-09.jpg

Неговата животна приказна во продолжение:

Твојата професионална приказна почнува на 15-16 години. Дали во тоа време, во тинејџерските години, помислуваше дека еден ден ќе бидеш меѓу најпознатите и најбарани фризери кај нас?

Моите почетоци со ‘фризерајот’ се уште од времето кога бев многу мал, зашто мојата покојна тетка беше фризерка и таа дома ги чешлаше баба ми, тетка ми, жените во семејството.

Гледајќи ја неа како ги разубавува, и јас добив желба да бидам како неа.

Во тоа време правењето фризури беше примитивно, немаше не знам какви четки или фенови - сè се правеше со една четка.

Додека ја гледав како од ништо прави нешто, посакав да го работам и јас истото.

И ми успеа, со многу упорност и голема желба.

Инаку, моите ме запишаа во средно школо за електро и го завршив онака, поради желбата на моите родители да бидам електротехничар.

А се запишав вонредно фризерско и го завршив поради себе.

Знаев дека сакав да ја работам оваа работа и можеби потсвесно сум посакувал да бидам меѓу подобрите кај нас.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-08.jpg

Имаше ли поддршка од најблиските? Ти беа ли ветер во грб или можеби не веруваа во твојот сон?

Не. Во тоа време беше срамно машко да прави женски фризури.

Се знаеше дека машко треба да биде бербер, а женско да е женски фризер.

Затоа на почетокот сè правев скришно, никој да не знае.

Прво почнав да ги правам моите другарки за излегување во град, па кога ќе ја видеа една каква е дотерана, им кажуваше на другите дека јас сум ја средил, па и другите бараа да им правам фризура.

На почетокот беше другарски, спонтано, аматерски, но во еден момент почнав да се занимавам и професионално со правење фризури.

Си ѝ правел ли фризури на мајка ти?

Не, за жал никогаш не успеав. Таа почина кога јас почнав да се занимавам со оваа професија.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-02.jpg

Некако, на врвот на кариерата, кога сите јавни личности „се тепаа“ да дојдат кај тебе, ти се случи здравствен крах. Кога првпат почувствува дека не си во ред и дека раката почнува да ти се кочи?

Се сеќавам бев на некој семинар или саем во Париз.

Почувствував дека немам енергија, само сакав да одморам додека другите шетаа низ градот.

Бидејќи сум воркохолик никогаш не се жалев дека сум изморен, но ете, тоа тлеело во мене и брзо потоа се манифестираше. Немав други симптоми, само умор.

Се сеќавам, брзо после тоа бев на викенд во Грција.

Си легнав нормално и кога се разбудив чувствував како устата да ми трне.

Мислев дека сум спиел лошо, па отидов на работа. Таму работев, ама околу 12-1 часот им кажав на луѓето дека не ми е добро.

Прво ми кажаа дека сум имал мозочен удар, а потоа дека не бил удар во прашање, туку енцефалит, што е всушност воспаление на кората на мозокот.

Тоа предизвика цела лева страна од телото да ми се вкочани.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg