Бубе Ин за CRNOBELO: „Мајка ми почина кога почнував да работам, никогаш не успеав да ѝ направам фризура“

Колку време ти требаше да почнеш да се враќаш „во нормала“?

Првата година ми беше многу тешко, и психички и физички.

Што се вика - до вчера хиперактивен со работа, излегувања, журки, а одеднаш веќе нема ништо од тоа.

Ми беше голем психички шок и не можев да го поднесам. Дури немав ни волја да живеам, се прашував што ќе правам понатаму.

Не можев сам да станам, да се облечам, да се бањам и тоа ми беше најголем проблем.

Но, тука беа татко ми, брат ми и еден другар кој беше задолжен за моето оправување.

И фала му на Бога што имав блиски пријатели, а можам да ги набројам на прсти, кои беа со мене и ми даваа поддршка, ме уверуваа дека животот ќе продолжи.

Искрено, во тоа време пробав сè што ќе ми кажеа за да се опоравам - бањи, физикални терапии, биоенергии.

Сè што ќе слушнев и ќе ми дадеше надеж, го пробував.

Ни денес не можам да кажам дека сум 100% вратен, факт е дека сум инвалид и имам проблем.

Но се трудам да го гледам животот од светлата страна, па и понатаму посетувам саеми, семинари, напредувам во професијата, се дружам со луѓе...

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-07.jpg

Во тоа време се слушаа разни чаршиски муабети, можеби и затоа што ти не зборуваше многу јавно за твојата состојба. Како влијаеше сето тоа на тебе психички? Колку се сменија работите во периодот додека „те немаше“, во однос на работата?

Додека бев во болница се случуваше сè, но салонот продолжи да работи.

Матилда е жената на која сум ѝ неизмерно благодарен што се грижеше за работите додека не бев таму и мислам дека никогаш со зборови нема да може да ѝ кажам колку сум ѝ благодарен.

Со голем број од клиентите сум пријател, а не само нивни фризер, човек кај кого одат да се потстрижат или да направат фризура.

Од сите нив имав секојдневна поддршка - пораки и желби за побрзо оздравување.

На некој начин тоа ми даде мотив плус да се потрудам да оздравам побрзо.

Во тоа време во студиото имаше отворено една книга, во која клиентите пишуваа пораки за мене, а која си ја чувам сега дома.

Верувај, се ежам и сега кога ќе се сетам на тие пораки.

Во најтешките моменти што/кој ти беше најголемата поддршка? Што те движеше да одиш напред?

Работата беше таа што мене ме врати во живот. Ми даде светлина, енергија да одам понатаму.

Помина една и пол година пред првпат да фатам ножици и откако помина тоа прво шишање, како да бев препороден.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-05.jpg

Денес потстрижуваш само со една рака... Дали ти е тешко, или го доведе шишањето со една рака до перфекција, па се снаоѓаш исто како и порано?

Фала му на Господ што мојата десна страна од телото функционира нормално и што можам да ги држам ножиците.

Успеав да најдам начин да потстрижувам со една рака, иако, мислам дека тоа сепак не ми е доведено до перфекција.

Иако, кога ќе размислам, мислам дека мојот засек и денес е ист како и претходно, па затоа и денес кај мене доаѓаат луѓе кои со години ги потстрижувам и за чија фризура се грижам.

Често објавуваш фотки со своите кучиња... Дали ти се тие еден вид на „терапија“?

Да, да. Ја земав Љуба во периодот на опоравување, сакав да имам некое куче и таа ми помогна многу, ми го разубави животот, ми даде безусловна љубов.

Имав чувство дека таа сочувствува со мене.

Што сакаш да правиш кога не работиш и не си во твоето студио?

Сакам да се дружам со луѓе и сакам убави забави.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-10.jpg

Ти имаш 15-тина вработени и некои од нив се преку една деценија со тебе... Па мора да те прашам - каков шеф си?

Строг. Кога не работиме, тогаш сум најголемиот другар со сите, можеме да се смееме, да се зафркаваме.

Но, кога станува збор за работата, тогаш, барам совршенство.

„Ред, работа и дисциплина“ ми се трите постулати до кои се придржувам и кои ги барам и од вработените.

Која е најтренди боја за коса оваа сезона?

Чери ред е бојата што е во мода оваа сезона.

Дали некогаш си помислил да се откажеш и да избереш друга професија?

Никогаш не сум помислил на такво нешто.

Сè што ми е поврзано со животот е врзано и со работата.

Сакам убави луѓе, ама сакам и јас да правам луѓето да изгледаат и да се чувствуваат убаво.

bube-in-za-crnobelo-majka-mi-pochina-koga-pochnuvav-da-rabotam-nikogash-ne-uspeav-da-i-napravam-frizura-01_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg