Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигурен дека ќе умрам“

На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради ракот на белите дробови. Но сега, девет години по првата дијагноза, тој сподели дека конечно е излекуван.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-01.jpg

Актерот Долф Лундгрен, најпознат по улогите во акционите филмови, како Rocky IV, околу девет години водеше битка со ракот.

Нo, 67-годишниот актер откри дека и покрај лошите прогнози дека му остануваат само неколку години живот, сепак успеал да ја победи болеста.

Долф сподели видео на Инстаграм, снимено од болничка соба, со опис:

„Конечно без рак, со благодарност и возбуда за светла иднина.

Ви благодарам за поддршката, како и секогаш“.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-11.JPG

Во видеото, тој вели дека е во болница за да му го отстранат последниот тумор од белите дробови.

„Овде сум за да се ослободам од последниот тумор. Бидејќи во моето тело нема повеќе клетки на рак, претпоставувам дека ќе немам рак, па се радувам за процедурата.

Патот беше тежок и ме научи како навистина да уживам во моментот и да уживам во секој миг од животот“.

View this post on Instagram

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)

Инаку, Долф откри дека има рак дури во 2023-та, односно осум години водел битка со болеста во тајност.

Првпат бил дијагностициран со рак на белите дробови во 2015 година.

Ракот краток период бил во ремисија, пред повторно да му се врати во 2020-та.

Тогаш лекарите немале добра прогноза и му рекле дека му остануваат само 2-3 години живот.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-08.JPG

Во ланското интервју, тој сподели и како сфатил дека ракот му се вратил.

„Во 2020-та, бев во Шведска и како да чувствував киселини. Не знаев од што се, па ми направија магнетна резонанца.

Тогаш лекарите открија дека имам уште неколку тумори во белите дробови. Открија и уште еден тумор во црниот дроб…

Во тој момент почнав да мислам дека ситуацијата е сериозна. Лекарот ми рече дека туморот пораснал, веќе колку лимон.

Го прашав колку време ми останува и мислам дека ми рече 2-3 години. Но, според начинот на којшто го кажа тоа, сигурно мислеше дека имам помалку“.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-7.JPG

Во истото интервју, тој вели дека можеби ракот е поради стероидите што ги користел во младоста.

„Во 1980-тите и 1990-тите користев стероиди. Не знам дали тоа има некаква врска со ракот, но можно е.

Многу размислував за тоа, дека јас сум направил грешка.

Повремено користев стероиди во период од можеби десет години, во зависност од филмот што го снимав“.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-03.JPG

Сепак, актерот решил да побара второ мислење за дијагнозата.

Новиот лекар му ја сменил терапијата, па за само три месеци, туморите почнале да се намалуваат.

И, како што откри сега, со операцијата за отстранување на последниот тумор, актерот конечно ќе биде излекуван.

dolf-lundgren-poznat-po-ulogata-vo-rocky-go-pobedi-rakot-na-belite-drobovi-po-9-godini-bev-siguren-deka-kje-umram-09.JPG

Во целата битка, актерот постојано ја имаше поддршката на неговата сопруга Ема, која е околу 38 години помлада од него.

Тие се венчаа минатото лето на Миконос, Грција.

Прочитајте и: Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундгрен?

Повеќе фотки од актерот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg