Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партнерите за да бидат заедно и велат дека не поминале ни една ноќ одвоени, освен кога морале да снимаат во друга држава.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик можат да се пофалат со еден од најдолгите и најстабилните бракови ви Холивуд.
Се венчаа во 1997 година, а наводно од првиот состанок немаат поминато ниту една вечер одвоено, освен ако мораат да одат да снимаат во друга држава.
Неколку факти за еден од омилените холивудски парови:
Двајцата имаа сериозни врски пред да се запознаат
Пред Метју, Сара Џесика Паркер беше во врска со Роберт Дауни Џуниор, и тоа од 1984 до 1991 година.
Но, се разделија поради неговата зависност, по што краток период Сара беше и во врска со Џон Ф. Кенеди Џуниор.
Метју, пак, беше во врска со актерката Џенифер Греј.
Но, односот меѓу нив се заладил во 1987-ма, кога актерот во сообраќајка усмрти мајка и ќерка.
Во автомобилот била и Џенифер, која претрпела сериозни повреди поради што ѝ била направена операција за да се спаси од парализа.
Актерот можел да добие затворска казна во траење до пет години, но бидејќи признал вина и покажал каење, на крај платил само 175 долари.
Пред некоја година, семејството на жртвите изјави дека му простиле.
Кога се запознале, уште биле во други врски
Сара и Метју се запознале во ноември 1991 година, додека и двајцата биле во врска со други луѓе.
Сепак, привлечноста меѓу нив била настина силна.
„И двајцата бевме во врски, па се држевме настрана еден од друг. Ни беше јасно дека ќе моравме да им раскинеме на тогашните партнери“, има изјавено Сара.
А, Метју има изјавено дека запознавањето со Сара било љубов на прв поглед.
„Кога првпат ја сретнав, прво ја видов како оди по улица и си помислив ’Тоа е тоа‘“.
Се венчаа неколку години подоцна
Сара и Метју се венчаа во 1997 година во Њујорк, во присуство на 100-тина блиски пријатели и членови на семејството.
Пет години подоцна, го добија првото дете – синот Џејмс. Во 2009-та, добија близначки преку сурогат мајка.