Македонскиот одбојкарски репрезентативец Шаби ја запроси саканата за време на авионски лет (фото+видео)
- Детали
- четврток, 02 јануари 2025
„Кратко бевме во врска со Меги, но тоа е, едноставно кога ќе кликне со некого – знаете“, вели Дарко Ангеловски - Шаби за CRNOBELO.com за запросувањето на саканата во авион.
Дарко Ангеловски - Шаби од Скопје е македонски одбојкарски репрезентативец, кој работи и како пожарникар.
Со одбојка се занимава веќе 15 години, но вели дека инстантно се вљубил и во хуманоста и тимската работа која е дел од пожарникарството.
Тој за време на авионски лет ја запроси саканата Меги.
За CRNOBELO.com Дарко вели:
„Немам што да кажам, освен дека така почувствував и клекнав. Сите се збунети, па дури и јас самиот.
Кратко бевме во врска со Меги, но тоа е, едноставно кога ќе кликне со некого – знаете.“
Кликнете за да го видите видеото:
Прочитајте и Дарко Ангеловски, пожарникар и одбојкар: „Опремата ни тежи 20kg, во случај на пожар ставете влажна крпа на лицето“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело