Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се однесуваат кога одат на фризер“
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
„Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени од сите клиенти, редовни и нередовни, сегашни и идни...“, видно изреволтиран ја започнува својата објава фризерот Зоки Давитков.
Нашиот фризер Зоки Давитков години наназад успешна кариера, но отворено говори дека некои аспекти од неговата професија го револтираат.
Отворено и искрено тој упати апел со своите клиенти на Инстаграм.
Неговата објава гласи:
„Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени од сите клиенти, редовни и нередовни, сегашни и идни...
Навистина ми е преку глава да работам со луѓе кои не знаат како да се однесуваат кога одат на фризер или на шминкер.
За да се дојде на фризер прво треба да се закаже термин или да се направи консултација.
Термин се закажува со јавување во салон или со пишување на Инстаграм, но на службените профили на салонот, кои се наменети за тоа.
Не се закажува термин со пишување на приватен профил на кој било вработен во салонот, не се ѕвони на приватен број на вработените од салонот.
Сите имаме свој живот надвор од работа и никој не е должен да му се налутите затоа што не ви вратил или да кажете дека глуми лудило ако не ви вратил – Тој не е на работа!
Може слободно да го побарате својот фризер и да закажете лично кај него нормално, но на службен телефон и профил.
Замислете како би било да се појавите на фризер на својот термин и фризерот да го затворил салонот или да не се појави едноставно затоа што така сакал, не е во ред никако, па исто е и за клиентите.
Затоа после 20 години работа на нашиот салон дајте да креираме само убави работи, да се разубавуваме, да си се почитуваме едни со други затоа што сме си потребни сите што сме останале во оваа државичка“.
С. С. | Црнобело