Стефан Лазаров упати апел за донации за Зоки Фаци: „Не можам да седам и да гледам како пријателот ми умира“

„Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја“ – со овие зборови јутјуберот Стефан Лазаров го започна апелот за собирање донации за својот колега и пријател Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

stefan-lazarov-upati-apel-za-donacii-za-zoki-faci-ne-mozham-da-sedam-i-da-gledam-kako-prijatelot-mi-umira-01.jpg

Јавноста веќе подолго знае дека новинарот Зоран Василевски, води сериозна битка за сопствениот живот, а голем број јавни личности му дадоа поддршка, за да продолжи да се бори. Познато е дека тој веќе имаше две операции, но сега се соочува со уште поголем и посериозен предизвик.

Како што истакна неговиот колега, соработник и пријател, јутјуберот Стефан Лазаров, ќе биде потребна голема финансиска поддршка од јавноста за Зоки да може да се избори со болеста.

stefan-lazarov-upati-apel-za-donacii-za-zoki-faci-ne-mozham-da-sedam-i-da-gledam-kako-prijatelot-mi-umira-02_1_copy.jpg

Тој синоќа на Инстаграм Стори објави видео во кое ја замоли и ја повика јавноста за помош, а на видеото напиша: „Да го пратиме Зоки на операција и да биде добар!“

Во видеото тој се обрати на своите фанови и следбеници и појасни каква е ситуацијата.

„За да биде јасно, Зоки има тумор којшто е 25 cm. Според она што ни го кажаа докторите, не е страшно, но тој тумор мора да се извади. Најновата информација е дека треба да се почека, да помине топлото време, некаде околу крајот на септември.

Меѓутоа секој ден веќе гледам дека е сè пострашно и пострашно, а ние само седиме и ја гледаме ситуацијата отстрана.

Не сакам да живеам со помислата во животот понатаму дека не сум направил ништо.

Јас знам дека нè гледате и дека го сакате Зоки. Но, овојпат не станува збор ниту за шоу ниту за забава, ниту за оние глупави наши шеги и сè тоа.

Сега станува збор за тоа дека треба да му го спасиме животот на Зоки. Знам дека ќе бидете со мене. Ви благодариме од срце и ќе го направиме ова заедно“ – порача Лазаров.

stefan-lazarov-upati-apel-za-donacii-za-zoki-faci-ne-mozham-da-sedam-i-da-gledam-kako-prijatelot-mi-umira-02.jpg

По големиот број упатени пораки и поддршката што ја доби Лазаров денес ја објави трансакциската сметка на која може да се донираат средства за операцијата на Зоки, која, како што појасни чини околу 15.000 евра.

Над објавата, Лазаров уште еднаш појасни за што точно станува збор.

„Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.

Зоки има 25 cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.

Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.

На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“ – напиша уште еднаш Стефан.

Погледнете ја фотографијата, каде што е објавена и трансакциската сметка за донации за Зоки:

455642867_8500297393315371_6647069723533860002_n.jpg

Исто така беше отворена сметка за донации и преку eCrowd и може да се донираат средства на следниот ЛИНК.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам ... „Веќе нема да се чека, Зоки Фаци ќе оди на лекување во Истанбул“ – ова го соопшт...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg